Јул182011

on-dribbble
Dribbble една од најпознатите онлајн заедници за дизајнерите и девелоперите за да ги покажат своите квалитети и она на што работат секојдневно. Тоа е всушност и нивниот слоган: What are you working on?

Прилично од затворен тип, бидејќи може да станете дел од dribbble само ако добиете покана. Не претставува место за поставување на класично портфолио од типот на deviantart или behance туку нуди многу повеќе. Целиот концепт е така осмислен да дизајнерот е „играч“, вашите парчиња дизајни се „шутеви“, кои подоцна може да отскокнуваат. Имате простор од 400 х 300 пиксели и со нив „дриблате“. Во моментот над 17 милиони пиксели се „издриблани“. Тоа што за Твитер се твитовите, тука се "shots". Првиот пат кога некој ќе ве покани т.е. ќе бидете драфтувани, вие добивате 24 слободни шута, кои понатаму растат во зависност од бројот на лајкови, коментари и прегледи. Вие може да бидете и дебитанти, или само гледачи, но за да учествувате во плеј-оф или ол-стар мора да сте играч...сигурно веќе ви е јасно од каде се и кои се правилата :)

Dribbble_-_Daniel_Janev_1307704782086

Одличен дизајн, уште подбра навигација, каде за неколку минути буквално знаете што каде е. Минималистички и едноставен интерфејс. Често нарекуван и како твитер за дизајнери. Значи пример работите на дизајн на лого, вие овде може да го поставите целиот процес. Прво скечевите, па одбраните решенија, па нивни варијации, за на крај да го поставите финалниот избор. За цело време добивате фидбек, коментари и совети кои бои, фонтови и сл. се подобри и зошто. Новини од неодамна се проектите, каде сами си правите свој проект, пример само иконки за мобилни апликации. Сега може да креирате кошница каде ги ставате вашите омилени шутеви, а за оние кои се про играчи постои и детална статистика за сите ваши шутеви. И можеби најдоброто е што може да барате дизајни т.е. шутеви според нивната боја, не боја која сте ја ставиле како таг туку dribbble после секој ваш шут означува користени бои.

Dribbble_-_Browse_by_color_1307704738132

Многу од клиентите токму од овде ангажираат дизајнери фриленсери за нивните следни проекти. Ќе добијат поевтина, а поквалитетни дизајни бидејќи знаат дека мрежата е од затворен тип. И не само дизајнери, dribbble е одличен и за девелопери. Каде може да поставувате исечоци од вашата нова апликација и да добивате веднаш коментари или уште подобро некој да направи "rebound" со свој предлог дизајн.

Dribbble_-_Daniel_Janev_-_Project_1307704811070

Dribbble постојано расте и денес претставува една можеби не толку голема, но дефинитивно квалитетна заедница на дизајнери, фриленсери и дивелопери. Ако ви кажам дека само двајца луѓе стојат позади целиот овој успешен проект сигурно уште повеќе ќе го цените.

Моментално од Македонија има вкупно 6 активни дизајнери т.е. играчи, што навистина е мала бројка знаејќи дека навистина кај нас има квалитетни дизајнери кои имаат што да покажат и заради неинформираност или немање покана не можеле да ги покажат своите квалитети.

mac

Претходната покана ја дадов на Ристе Лазороски како мој прв драфт и се покажа како одличен избор. До некаде вие имате одговорност бидејќи правилниот избор на добар дизајнер т.е. „прв пик на драфтот“ е само плус повеќе за вас понатаму. И за крај, добра вест е што неодамна добив уште една :)

Dribbble_-_What_are_you_working_on-_1307704606526

Значи доколку сакате да бидете дел од dribbble мрежата се што треба да направите е да оставите коментар со линк од вашето портфолио или следете ме и пишете директно на твитер за да во текот на оваа недела ги соберам и разгледам сите портфолија и на 25ти јули некого од вас да поканам да биде дел од dribbble. Воопшто и не мора да сте регистрирани на dribbble, поканата може да ја добиете и на имејл. Предност сигурно прво ќе имаат македонските дизајнери.

meetup

Постојано се одржуваат meetups низ целиот свет за dribbble корисници. Затоа следен мој чекор е да ги исконтактирам сите и организираме прв dribbble meetup и кај нас.

коментари (2)add comment

dani_janev said:

0
...
Од вкупно 6 пријавени дизајнери од Македонија, сите преку ДМ на Твитер, поканата ја доби Александар Тасевски @perfectflow Честитам и се надевам ќе биде добар дриблер smilies/smiley.gif
јули 25, 2011

Aleksandar Tasevski said:

0
...
Благодарам за поканата smilies/smiley.gif
јули 25, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons