Авг292011

Revisions-and-Changes
Стремежот на секој човек е константно подобрување на вештините во работата. Со тоа напредувате во вашата кариера и луѓето ја препознаваат вашата работа.. Ова важи и за фриленсерите. Ако немате работа со која би добивале унапредување и нови титули, не значи дека треба сеуште да тапкате во место. Напротив, во светот на дизајнот, секогаш има нешто ново. Нови форми на изразување, нови стилови, нови компјутерски програми итн. Затоа е многу важно да ги следите новините и со тоа да ги надрградувате вашите вештини како дизајнери. Подолу се 5 кратки совети како да го направите тоа.

1. Секогаш е најдобро да почнете со нешто готово. Пример ако сте почетник, земете некои свои или дела на вашите пријатели и блиски, или едноставно јавно објавени на интернет и подобрете ги. Пример постер што сте го правеле уште во студентски денови, редизајнирајте го и пробајте да го подобрите. Ќе се изненадите колку сега различно гледате на некои работи од аспект на дизајнот. Дури денес дизајнерите со редизајнирање на познати брендови добиваат понуди за работа. Пример, доколку сте UI дизајнер, зошто да не го смените дизајнот на фејсбук или твитер, онака како што вие мислите дека ќе биде подобро.

16-museum

2. Инспирацијата е насекаде околу вас. Потрудете се се она што ќе видите било пред зграда или на интернет да го зачувате како дел од креативниот процес за идни дела и инспирација. Во онлајн светот е полесно, сите линкови чувајте ги во букмаркс во посебен фолдер „инспирација“. Дури и во мобилниот имајте фолдер за се што сте виделе и сликнале насекаде околу вас. Подоцна едно кратко листање низ фотографиите на мобилниот може да биде доволно за почетен концепт на вашето наредно лого.

3. Доколку сте графички дизајнер не значи дека постојано само тоа треба да работите. Преку откривањето на нови вештини и таленти вие добивате и поголема инспирација. Имајте свое хоби сосем неповрзано со дизајнот. Пример, одете на јога, научете да свирите на некој инструмент, некој нов програм...понекогаш ќе се изненадите колку „скриени“ таленти има скриени во секој од вас. На тој начин она што ве опушта и релаксира физички може и те како да има добро влијание врз психичкото ваше созревање.

gdb-image-51

4. Семинари, конференции...за графички дизајн и генерално поврзано со секаков дизајн се одлична можност за запознавање на колеги дизајнери од цел свет, инспирација и пред се тој контакт е можност повеќе за соработка со потенцијални клиенти. И самото патување доколку е подалеку понекогаш е доволно за да погледнете на работите од една друга перспектива, перспектива доволна инспиративна за вашите наредни дела. Овде би ги навел и онлајн натпреварите и конкурси за дизајн. Бидете во тек и понекогаш учествувајте во надвор од вашите области. Пример ако сте графички дизајн, тоа не мора да значи дека не може да аплицирате за некој нов концепт на автомобил или друг индустриски дизајн.  

5. За крај, последната точка ја оставам за ваш совет или препорака на кој начин вие се подобрувате како дизајнери.
коментари (1)add comment

Georgij said:

0
...
супер! smilies/grin.gif се врати дезен smilies/wink.gif
август 30, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons