Окт042011

prva_baranja
За момент ќе се ставиме во обратна улога, т.е. во улога на клиент, да видиме на кратко како изгледа еден фриленсер од нивни агол и што всушност тие проверуваат и бараат од нас фриленсерите пред да почнат со склучување договори и стартување на проекти. Во морето од фриленсери, кое секојдневно расте, мора да се издвоиме ако сакаме да успееме. Има едно непишано правило дека успешен фриленсер не е оној со најмногу работа, туку оној кој го бие најдобар глас. Еве ќе земеме мал пример. Сте решиле да купите нов телевизор. Освен што ќе прочитате рецензии на интернет, ќе ги видите спецификациите, сепак вие голем процент во одлучувачкиот фактор давате на критиката на некој што купил ист таков и неговото искуство. Затоа на прво место би ги ставил токму препораките.

1. Добри препораки

Вашите задоволни клиенти се ваша најдобра реклама. Слободно можам да кажам дека најголем број на клиенти имам токму на тој начин. Добро завршената работа и професионалниот однос сигурно ќе ви донесат нови клиенти и нови проекти. Не заборавајте после секоја успешно завршена задача да побарате препорака. И можеби уште поважно, секогаш прашајте кој клиент ве препорачал, за секој нареден да го имате тоа в предвид, па да имате посебен третман кон тој клиент во смисла на попусти па и гратиси. Дајте му до знаење дека го цените тоа што го направил за вас.

11-freelance-stress

2. Ваше портфолио

Иако препораките се многу добри, секој клиент сака да го види вашето портфолио, или барем дел од најдоброто што имате. На овој начин клиентот го забележува вашиот стил, креативност, разновидоста на различни проекти и најбитно дали сето тоа одговара на неговите барања. Ако имате проекти на веб дизајн, но ниту еден изработен во флеш тоа веднаш му дава до знаење што може да бара но што и да очекува. Затоа, по којзнае којпат ќе повторам, обидете да специјализирате во една област. Вие може да знаете и веб дизајн и веб програмирање, разни програми и јазици, но ако сте најдобро во флеш, тогаш на тоа посветете се.

16-museum

3. Цена

Ова барање во многу ситуации е на прво место. Многу клиенти (најмногу домашните) пред било што најпрвин прашуваат за цена. Да и вие кога го купувавте телевизорот од погоре сигурно не го купувате најскапиот, туку си имате однапред дефиниран буџет за тоа. Но, вие правите споредба, што добивате за која цена. Момент кој многу клиенти го забораваат. Да направат споредба на квалитетот и дизајнот помеѓу дизајнерите, а не само да го одберат најевтиниот. Многу често тоа на крај излегува и поскапа варијанта. Или како онаа „сиромавиот плаќа два пари„ т.е. еднаш за лошиот дизајн а потоа и за подобар.

10-charge

4. Награди и признанија

До некаде занемарена категорија (барем кај македонските) клиенти, но исто така важна. Секоја диполма, сертификат, награда, признание, ваши креативни дизајни во книгии списанија...сето ова потенцирајте го во вашето портфолио. Да бидам искрен нашиве клиенти ова го заменуваат со искуството, кое не смее да се занемари, но престижен сертификат или награда на светски дизајн фестивали генерално се смета за многу поголемо достигнување отколку неколку месечно стажирање во печатница на пример. И секогаш трудете се колку ви дозволува времето да земате активно учество во слични натпревари што онлајн што офлајн. Со ова вие сте на увид пред многу колеги дизајнери, многу креативни директори и најбитно пред потенцијални клиенти.

deadlines

5. Исполнување на рокови

Сите го знаеме и сме се соочиле со итност или познатото „за кога ти е - за вчера“ синдромот. Кога вие ќе кажете кога е реалниот рок, во најголем процент во случаите клиентот ќе праша „а дали може побрзо“. Ова е најдобар момент да му го објасните вашиот процес на дизајнирање и изработка, и дека лого не се прави за два дена туку може и повеќе од две недели, дека и кога вие би го направиле во саканиот рок, сигурно ќе има корекции, на корекции корекции, дека тројството брзина, квалитет, цена не одат заедно правопропорционално итн. Но, во недостиг на работа не значи да прифаќате рокови по секоја цена, бидејќи само може да си наштетите себе си, но и на другите колеги фриленсери.

VENN-Diagram.jpg.scaled1000

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons