Фев022012

1DNxvj
Инфографиците како техника се одамна во графичкиот дизајн, но најголема популарност и користење имаа во текот на минатата година. Кај нас срамежливо се појавуваат неколку обиди во последнава година, што секако е за пофалба, но сеуште како неистражена “техника“ се прават и доста грешки. Сметам дека експанзијата ќе продолжи и оваа година па затоа ќе се обидам колку можам да помогнам со мои совети.

Верувале или не, постои како термин повеќе од 100 години и е кованица на Флоренс Најтингејл од 1857, меѓутоа популарноста ја стекнува паралелно со популарноста на друштвените мрежи. Токму Фејсбук и Твитер направија можеби најмногу во ширењето на инфографиците низ интернет мрежата. Денес имаме стотици веб нови веб страници специјализирани само за инфографици, кои пред година две воопшто не постеле, со еден збор инфографик денес е мејнстрим техника. За секој дизајнер ова е посакуван проект, бидејќи е ново свежо и може слободно да ја изразат својата креативност без никакви ограничувања. Посебно за оние што преферираат минималистички дизајни, бидејќи инфографикот е најчиста форма на дизајнот. Дали тоа ќе биде податоци од берза или што предизвикува кока колата во нашиот организам, не е важно, од тривијални до сериозни статистики, целта е иста, да се претстави што поразбирливо преку графика. Така дојдовме и до кратка дефиниција која е повеќе од очигледна од самото име. Значи на кратко секој вид на информација, без разлика дали е статистика, карактеристики, споредби и сл. да се претстави со помош на графички дизајн.

infotips-7

Зошто инфографик?

Информациите, податоците, статистиките... се појдовна точка за секој инфографик. Без добро сортирани и јасни бројки нема ниту добар инфографик. Всушност како што напоменав и претходно, целта е досадните бројки или некоја статистика во ексел ја направите визуелно атрактивна и интересна за секого, не само за првичната таргет група. А по дифолт се што ќе успее да ни го задржи вниманието и подолго се памти и останува во нашата меморија.

Исто така со добар инфографик автоматски го скратувате времето да се сфати и разбере суштината на информацијата. Сите табели со податоци преточени во само една страница и со само еден брз поглед вие веќе знаете за што се работи. Не мора да имате никакви претходни знаења на стручни термини или зборови.

Дури и да не ве интересира темата на самиот инфографик, ја сум сигурен дека секој линк со инфографик со задоволство го отварате, прегледувате и споделувате. Ова е уште една предност, а тоа е достапноста на секого. Не мора да имате посебен софтвер и посебни вештини. Добар дизајн е добар дизајн, без разлика дали е постер или инфографик.

infotips-4

Видови на инфографици

Состојба - овие инфографици ни даваат состојба на на некоја индустрија, земја, тренд, идеја и сл. База се статистички податоци.

Споредба - инфографици каде се споредуваат две или повеќе работи. Најчесто недостатоците или предностите на еден или повеќе се претставени со одредена доза на хумор. Пример сигурно сте сретнале до сега Android vs iOS, Mac vs PC итн.

Историски - каде низ тајмлајн се претставени промените низ времето, од модел на автомобил до компјутерска игра и сл.

human_subway_map_full_size61

5 кратки совети

1. Појдовна точка - пред да почнете со дизајн, со помош на темата специфицирајте појдовна точка. Ако е за состојките во хамбургер, наместо да ги вадите состојките надвор, претставете го хамбургерот во центар и со помош на стрелки додајте го објаснувањето. Ако темата е делови на одреден автомобил, наместо листа од нив, централна точка нека ви биде автомобилот. На овој начин не само што сте ги поедноставиле податоците, туку инфографикот и без наслов ќе биде доволно јасно за што се работи со само еден поглед. Со ова доаѓаме до втората точка, а тоа

2. Дефиниран инфографик на прв поглед - доколку на гледачот/посетителот му треба повеќе од 2-3 минути за да дојде до заклучок и го разбере инфографикот, тогаш мора уште повеќе да го поедноставиме. Не секогаш ова е лесно, посебно ако имате стотици редови од статистички податоци. Во вакви ситуации најдобро е да ги извадите побитните т.е. точките што мислите дека се поинтересни и полесно се памтат. Ако имате пример процентуални податоци за број на дизајнери во Европа, наместо сувопарно аплицирање на бројки, извадете интересен податок, пример дека 60% од дизајнерите во Лондон се девојки или процентот на најголем број левучари се од Естонија итн.

3. Направете приказна - Секој инфографик треба да претставува визуелна приказна што гледачот си ја кажува во себе. Вие мора да сте тие што ќе го водите неговиот поглед во вистинска насока, за на крај кога ќе го прегледа, да има јасна слика и што е најбитно да може да го објасни на некој што го нема видено истиот инфографик а без проблем да го сфати. Ова важи обично за посложени инфографици и пред финалната верзија да се направи интерна анкета. Уште подобро, мој совет, доколку дозволува инфографикот е да го извадите текстот и да останат само бројките и симболите. Доколку тоа е доволно за иницијално лесно читање, целта сте ја постигнале.

4. Избор на бои и фонт - Внимавајте во изборот на бои и фонтови. Посебно би потенцирал избор на бои. Секоја индустрија си има свои палети на бои, и таму имаат или може да имаат сосем друго значење. Пример ако правите инфографик од областа на фармацијата, направете истражување, која боја за какви лекови и останати медицински средства се користи. Најчест избор е bold, sans-serif condensed фонт, јасен и лесен за читање. Запазете ја хармонијата помеѓу симболи, боја и фонт.

5. Верзии - Кога веќе го имате финалниот дизајн, пред да го пратите или закачите на веб, секогаш имајте го во висока резолуција, ниска резолуција за привју, и пдф формат спремен за печатење. За да избегнете проблем со фотографии со ниска резолуција, примарно е да користите векторска графика. Со еден збор направете инфографикот да биде user-friendly.

rock-paper-scissors-medium61

Креирајте инфографик онлајн

Visual.ly - страна која за кратко време стана топ извор на најнови инфографици. Секој дизајнер или клиент може да го прати својот инфографик и доколку е одобрен да биде поставен на самата страна. Има лајк систем за гласање каде се рангирани најдобрите. И за крај, се нуди сервис што ви креира споредвен инфорафик. Пример вие и Чарли Шин како твитерџии и сл.

Google Public Data - извор на визуелизации на безброј јавно достапни податоци. Одличен како извор на информации но и како инспирација за вашиот следен инфографик.

StatPlanet - како што кажува и самиот збор, статистики во рамки на целиот свет.

top-50-world-football61

Корисни линкови со најдобрите инфографици за ваша натамошна инспирација.

Style and Flow
Good Infographics
InfogrpahicGallery
Cool Infographics
Infographics Archive
FlowingData
Column FIve Media
Only Infographic
Infographr
Infographic List
Infographic Site
DataViz
Flickr Infografia

5407856534_96141a34d8_o

Се почесто инфографиците ги гледаме и анимирани во форма на кратки видеа кои се одлични посебно за во презентација.

А и да, инфографиците може да предизвикаат зависност, да не кажете дека не сум ве предупредил :)

коментари (1)add comment

Александар said:

0
...
Многу корисна статијава. Баш сега спремам инфографик за http://abe.mk и многу ќе ми помогне.

Фала ви!
февруари 17, 2016

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons