Мај142012

11
Како фул тајм фриленсери сигурно на моменти и периоди кога ви се случило да ви се натрупа премногу работа. Дали поради ваша вина прифаќајќи повеќе отколку што може реално да сработите или по вина на клиенти кои имаат стриктни рокови и премногу корекции сеедно. Како да постигнете на време, а сепак клиентот да е задоволне од финалниот производ. Ќе пробам накратко да ви помогнам со неколку совети да најдете одговори за насловот на денешниот пост.

1. Помош од колеги фриленсери

Да, прво што барам во вакви случаеви е помош од колеги фриленсери. Вo зависност од тоа колку години работите како фриленсер сигурно до сега имате помал или поголем круг на колеги со кои имате соработка и доверба. Обично ако сте почетник можеби ќе ви изгледа неприродно фриленсер да бара и да дава работа на друг фриленсер. Тоа можеби е и главниот проблем кај нас. Секој мисли дека во цела област од веб и графичкиот дизајн се разбира и е најдобар. Почетничка грешка за која многупати сум пишувал. Пред неколку години колега дизајнер ми рече: зошто да не барам услуга од тебе, иако истото го работам, па и фризерот сам не се шиша :)
Секогаш стремете се да специјализирате во една област. Така, ќе се посветите на она што најдобро го знаете, а и клиентите лесно ќе ве распознаваат. И секогаш постои можноста со колега да се договорите, тој сега ви завршил услуга со кодирање да речеме, а вие наредниот пат сте му направиле дизајн на флаер. Ем вие задоволни, ем клиентот задоволен.

2. Приоритети

Од сите добиени проект сигурно некои ќе се преклопуваат со рокови. Така може да се случи, да имате дизајн на веб страна, лого, брошура... и да мора паралелно да ги работите. Доколку предвидите дека не може да постигнете, а и колегите се зафатени, прво направете листа на побитни до помалу битни проекти и почнете прво од нив. Кај постојаните клиенти слободно прашајте дали е можно поместување на рокот, но не и кај новите, кај нив допрва треба да стекнете доверба.

1-learn-prioritize

3. Кратка, но ефективна изолација

Во време на гужви, иако работите дома, пробајте да се „изолирате“ ако треба и за викенд или два и сите оние работи кои условно кажано ви го одземаат вниманието сведете ги на минимум или целосно исклучете ги, онлајн и офлајн. Овде зборувам првенствено фејсбук, твитер, читање дизајн блогови, пишување на имејлови и сл. Оставете го она само она што е итно и неодложно. И пријателите ќе разберат ако пропуштите едно излегување заради работата. Имајте в предвид дека ова се само периоди, не траат вечно и ако успешно се справите подоцна може да се почестите со неколку неработни дена, и што е најбитно искуство повеќе за во иднина.

9-take-breaks

4. Паузи

Ова се надоврзува на претходната точка, но тоа не значи дека треба да правите пауза само откако сте биле заглавени со недели со работа. Ако имате премногу работа, тоа не значи буквално изцрпување и работа 24/7 без никакви паузи. Hа овој начин може само повеќе да изгубите. Прво лошо е по вашето здравје и второ квалитетот на работата може да трпи. Сум имал случаеви каде колеги знаат дека имам стриктен рок и сум бил излезен на кафе, во парк, возење велосипед...и ме прашувале како имаш време за се. Токму тие паузи се пресудни да бидете наполнети со енергија, ослободени од стрес...што дури после работата побрзо ја завршувате. Затоа измеѓу завршен дизајн и почеток на друг правете пауза. Дури доколку ви дозволува времето, отидете надвор од град на викенд.

5. Точка оставена за вас

Како вие се справувате кога имате премногу работа? Советите се добредојдени. Слободно споделете во коментарите подолу.

коментари (1)add comment

petarol said:

0
...
корисни совети, посебно што и јас почнав да барам помош од другари фриленс што работат. Може да додадам само планирање, многу е важно однапред да имаш план и процес на работа.
мај 16, 2012

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons