Мај242013

11
За многумина од вас можеби насловот звучи чудно и можеби неточно, бидејќи Хан Соло и фриленсингот на прв поглед немаат ама баш ништо заедничко.
Овој познат шармантен лик од Star Wars, кој од шверцер стана бунтовик против Империјата, е опремен со само неговата брза снаодливост и умешност, неговиот пријател Чубака и Милениумскиот Сокол. Хан Соло може да се претстави како е еден остроумен бандит и талкач во галаксијата, што го прави „фриленсер“ :)
Иако неговата работно искуство доаѓа од "a long time ago in a galaxy far, far away" сепак може да извадиме поуки и совети и за фриленсерите во денешниот модерен свет, главно преку анализа на неговите познати реплики.

1. "Hokey religions and ancient weapons are no match for a good blaster at your side, kid.”

Фокусирај се на она во што си навистина добар.

Една од поголемите грешки дури и на поискусни фриленсери е прифаќање на работа дури и од некое поле од дизајн или програмирање во кое не се добри. Да, на краток план можеби ќе ви донесе профит, но долгорочно ќе видите дека сте изгубиле. Да, добро е да се има знаење од повеќе полиња, но и овде важи она „да не се претера“. Подоборо ангажирајте колега фриленсер кој тоа ќе го направи подобро и побрзо. А и верувајте, колку и да важите за „човек за се“ клиентите може веднаш да препознаат во што сте добри а во што само ви е битно да наплатите. Пример, наместо за завршените 10 проекти добиете просечна оценка од клиенти, имајте 3 каде што клиентите се презадоволни. Така ќе знаете дека се сигурно ваша идна реклама.

2. “Fast ship? You’ve never heard of the Millennium Falcon?”

Мора да знаете како да се продадете

Или поточно како да го продадете вашето знаење и услуги. Нема ништо лошо во тоа да си правите маркетинг на своето способности, посебно во денешно време би рекол тоа е задолжително. Дури има верување дека „фалењето“ не постои, или ја кажуваш вистината или лажеш. И најважно, кое многумина фриленсери не го прават, главно поради гледање конкуренција, е пофалби за колега фриленсер. Ако ви пријде клиент со задачи кои бараат знаење и вие тоа го знаете, но знаете колега кој тоа подобро го прави, многу е подобро да го советувате клиентот дека некој фриленсер ќе го направи тоа подобро. Можеби звучи дека сте изгубиле, но во очите на клиентот вие останувате некој на кого не му е битно „само да му ги земе парите“ и дека не ги гледа колегите како конкуренција, туку како некои што си помагаат.

Han-Solo

3. Princess Leia: I love you.

Han Solo: I know.

Самодоверба и смелост

Убедувањето пред клиенти, посебно ако сте почетник, знае да биде исцрпувачко и главно што ви фали е самодоверба во очите на потенцијалните клиенти. Но вистината е дека самодовербата ја имате само ако изгледате така, па макар и глумеле на почеток, или подобро кажано "fake it, till you make it" 
Ова посебно важи кога треба да објасните зошто наплаќате толку и толку, што е разликата меѓу вас и други, и на крај да успеете да добиете препорака од клиентот. 
Интересен факт е дека во оригиналното сценарио Хан требало да каже "I love you, too" но некако Харисон Форд мислел дека не одговара на карактерот, на Џорџ Лукас на почеток не му допаѓало ова, но Форд се изборил и сега ја имаме препознатливата реплика.

b28195317b4901778349b0a995e505a6

 

4. “Yes, I’ll bet you have.”

Пукајте први

Сигурно нема да седите и чекате Гридо да го направи првиот потег, така? 
Значи вие може да седите дома и да чекате клиентите сами да доаѓаат, или да имате агресивна кампања онлајн и офлајн. Мора да испорачувате, да имате маркетинг план, па дури и на почеток да работите бесплатно на проекти кои мислите се добри за вашето име и бренд. Бркајте ги големите риби, бидете упорни, бидете чекор понапред од другите, и цврсто застанете до вашите убедувања, макар и тоа да изгледа прескапо за клиентот. На кратко бидете како Хан, храбар, решителен, наметлив па дури и груб во некои ситуации, бидејќи „долгот“ кон Џаба само така ќе може да го „исплати“.

dG333u9

5. “I don’t know, Chewie… fly casual!”

Останете присебни

Како фриленсери ќе имате ситуации во кои буквално ќе ви дојде преку глава и на моменти ќе помислите да се откажете. Но, никогаш не отстапувајте од своите принципи, па макар и да треба вие да му дадете отказ на клиент. Вашата репутација сте ја граделе со години, не дозволувајте да се уништи за неколку минути. Ако видите дека некој клиент „ве влече надолу“ и заради тоа трпи работата на другите клиенти, на културен начин дајте му до знаење и престанете со соработката. Така ќе останете многу попродутивни, или во Соло стил "how is Han supposed to collect his bounty if he’s too burnt out to handle Imperial Storm Troopers?"

8066377ad4f805e74ffcd26bfedb4181

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons