Јан252014

1slacker

После подолга пауза, што од оправдани што од неоправдани причини повторно на Дезен има нешто ново. Дел се должи на презафатеност, а дел на размислување како да се продолжи понатму. И ова е само почеток, ќе има поразличен концепт, ќе има многу нови работи кои постепено ќе се воведуваат (за старт суптилна промена на позадина и логото :) но и покрај се Дезен да остане омилено место за инспирација и совети за сите дизајнери и фриленсери.
Намерно за прв пост оваа година решив да напишам нешто од сопствено искуство, а тоа како да ги препознаете знаците дека забушавате, премногу се опуштате или со еден збор станувате мрзливи, и нормално полесно да го пребродите тој период. Секако прво мора да се дијагностицираат сите симптоми, да признаете каде сте погрешиле, за да може да се почне со терапијата.

1. Пробивање рокови

Можеби најважен знак, но не секогаш мора да значи дека проблемот е кај вас. Доколку ви се случи ова со еден клиент воопшто не грижете се, дури би рекол сосем е во ред понекогаш да го искусите работењето под притисок и стрес. Сте се опуштиле неколку дена и потешко сте се вратиле во нормала, или сте немале доволно инспирација.
Но, доколку ова се повторува со наредните три-четири клиенти, време е да си поставите две прашања: Прво, дали нешто сте смениле во вашата работна навика, атмосфера, организирање и сл? И второ, дали прифаќате повеќе отколку што реално можете и имате време да исполните? Доколку барем на едно одговорот ви е да, вие лесно го откривте проблемот и уште полесно неговото решение.

2. Недоволна посветеност

Постои една изрека која вели: Passion breed success.
Да, не секогаш и не на секој проект вие може да работите со иста енергија и посветеност, тоа е сосем нормално. Овде не мислам само колку финансиски е исплатливо. Но, не е нормално ако зачести, и тогаш мора да се открие она што ви за црпи енергијата и посветеноста а вие станувате мрзеливи. Најчесто тоа е нов клиент кој бара дизајни кои воопшто не се ваш стил, кој и покрај советите е решен да биде по негово, а на вас нормално ви треба повеќе време ако на крај не сте задоволни од финалниот производ. Ако не му дадете отказ на почеток, тогаш побрзо завршете ја работата за да не трпи работата со другите клиенти. Ако во исто време работите на многу проекти, а не сакате да го изгубите клиентот размислете работата да ја префрлите на свој колега фриленсер.

difficult_people_slacker

3. Просечни дизајни

Ако погледнете наназад неколку месеци и забележите дека вашите дизајни стануваат досадни клишеа, дека си личат едни на други, имате исти бои и елементи насекаде...тогаш навистина сте почнале да забушавате. Најчесто се должи на немање време и користење копи пејст дизајни помеѓу различни клиенти или уште пострашно е дека не напредувате и тапкате во место. Запрашајте се, колку време не сте пробале или научиле некој нов ефект во Фотошоп, или некоја нова алатка во Илустратор, или изгледале нов туторијал. Колку и да сте добри, секогаш мора да учите и пробувате нешто ново. Ова посебно важи во оние периоди кога имате помалку работа.

sketches15

4. Ги заборавате клиентите

Овде не мислам само на класично заборавање на „помалите“ клиенти за време на Божиќ, Нова година...или заблагодарување после завршен проект и уплата на средства, туку многу повеќе. Прво, почнете со најпријателски имејл до клиенти за кои сте им направиле ново лого, нова веб страна...прашајте каков фидбек добиле, како им оди со работата, дали им треба нешто повеќе за промоција и сл. На поголемите клиенти, понудете им пакет дизајни со попусти, закажете состанок ако се од земјава да се видите на кратко. Од лично искуство знам дека токму ваквите средби ако им понудите нешто добро, можат да ви донесат нова работа со месеци. И не заборавајте, секој клиент е различен, мора да имате различен пристап и метод на комуникација, затоа претходно бидете добро спремни.

5. Недоволно блогирате

Блогерите знаат дека за добри постови треба време. Како пример ќе го земам мојот случај. Има неколку причини. Би рекол главна е премногу фриленс работа комбинирано со желбата нешто да се смени на блогот, а за сите идеи и замисли некако се нема доволно време. Да, понекогаш, посебно преку лето, пред и после годишните одмори, концерти и фестивали премногу се опушташ и тешко се враќаш назад со исто темпо. И на крај, можеби најнебитни се фул тајм работата и недостигот на мотивација. Така да, на кратко ова е одговорот со причините за сите што пишуваат и прашуваат зошто нема нови постови на Дезен :) Не само што ќе има нови постови, ќе бидам поактивен, туку ќе има многу новини во кои и вие ќе се вклучувате.

 

После подолга пауза, што од оправдани што од

неоправдани причини повторно на Дезен има нешто

ново. Дел се должи на презафатеност, а дел на

размислување како да се продолжи понатму. И ова е

само почеток, ќе има поразличен концепт, ќе има многу

нови работи кои постепено ќе се воведуваат (за старт

суптилна промена на позадина и логото :) но и покрај се

Дезен да остане омилено место за инспирација и совети

за сите дизајнери и фриленсери.
Намерно за прв пост оваа година решив да напишам

нешто од сопствено искуство, а тоа како да ги

препознаете знаците дека забушавате, премногу се

опуштате или со еден збор станувате мрзливи, и

нормално полесно да го пребродите тој период.
коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons