Мај102014

s cover
Една од најголемите грешки што секој фриленсер ја прави, посебно на почеток е што сите останати фриленсери ги гледа само како конкуренција. И ако има соработка, тоа е исклучиво со некој што лично се познава или ако биле колеги од факултет на пример. Многу погрешен пристап, а подолу ќе се потрудам да до одговорам прашањето „Зошто треба да соработувате со други фриленсери“ Одговорот накратко е 3И, или Инспирација, Искуство, Идеи.

Инспирација

Она без што не почнуваме ниту еден проект. Многу често инспирацијата најбрзо ја бараме токму онлајн, по сите оние мрежи за дизајнери, не секогаш знаејќи дека можеби она што го гледаме е токму од фриленсер од некоја друга земја. И практично ние индиректно „соработуваме“ со него.
Кај нас најчест вид на соработка е само во случај да заглавиме и немаме време, па бараме колеги со кои ќе ја поделиме работата. Но, тоа се случува многу ретко и навистина не е доволно.
За жал ние немаме фриленс хабови или coworking spaces, и сите што биле во некој таков без разлика дали во соседството или подалеку знаат колку е корисно да се работи од таму, наместо сами од дома. Едноставно тие места иницијално се створени за соработка на фриленсери, инспирацијата е насекаде околу вас. И не само што вие „учите“ од нив туку и тие од вас.
А контактите направени таму се важни и за вашите идни проекти, бидејќи ако тој бара од вас неколку дизајнери, програмери итн. вие за брзо време ќе составите тим, кој верувајте во очите на големите клиенти вреди многу повеќе отколку ако сте сами.

5y

Искуство

Работата со клиенти воопшто не е лесна. Не постојат пишани правила, сите се различни, и на почеток често грешиме, и токму од тие грешки учиме за сите идни клиенти.
Но, кога сте опкружени со фриленсери кои имаат повеќе годишно искуство, само може да научите од нивните совети како треба а како не во одредена ситуација.
Исто така, по секој завршен проект зад вас ако сте го работеле со неколку фриленсери вие стекнувате од многу програми за менаџирање на проекти и искуство како е да се работи во тим од фриленсери. Освен што имате договор со клиент, вие имате и меѓусебен договор кој мора да се почитува. И не само што работата ќе ја завршувате побрзо и ќе добиете препораки од клиентот, туку и од фриленсерите, посебно важно ако се познати во светот.

2

Идеи

Често се случува да имаме блок во креативноста и едноставно да не ни доаѓаат нови идеи. Наместо да заглавувате до доцна и да бидете под притисок на рокот, споделете ја првичната идеја, објаснете што е проектот и за брзо ќе имате фидбек. Без разлика дали ова го правите со вашите пријатели/фриленсери во кафич со пиво или во coworking space или споделувате онлајн по сите групи, мрежи и форуми за фриленсери, ќе видите дека добрата идеја била толку блиску. И не само тоа, може да добиете фидбек дека таа идеја или многу слично е веќе искористена, ќе ви спаси многу време и енергија.

За крај, во ова време кога буквално може да работите од каде било за клиенти од целиот свет, важна е и сигурноста во работата и довербата на клиентот и дизајнерот. Препораките, поддршката и соработките можат многу да помогнат за јакнење на довербата кај клиентот кој сака да работи со вас.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons