Јун112014

cover pr
Секој дизајнер не само што е препорачливо туку едноставно мора својата работа да ја промовира и споделува. Тука не мислам на класичните начини како изложби, промоции и сл. туку повеќе на онлајн присутноста. Денес постојат навистина многу начини и сервиси како да го направите тоа, но прашањата се кои се најдобри за она што јас го работам, кои се најефикасни, кои се бесплатни...токму на ова ќе се обидам да дадам одговори во следниот пост.

Своја веб страна

Ќе почнам од најосновното што секој дизајнер, посебно фриленсер мора да го има, макар и почетник и со само неколку дизајни во портфолио. Бидејќи вие може сте дизајнер во некоја маркетинг агенција, и нормално тие проекти не смеете да ги презентирате како само ваши. Изградете свој бренд, име по кое ќе сте препознатливи и веднаш резервирајте си домен, сега барем кај нас сега е полесно
За почеток доколку не сте веб дизајнер не мора да купувате и плаќате за изработка на веб портфолио. Изборот на бесплатни е огромен, а и не мора да имате напредни познавања од кодирање за полнење и менување на дизајнот. Како ќе ви се зголемува портфолиото, така по потреба може да правите подобрувања и редизајни, а и целосно нова тема и дизајн на неколку години. Најважно да биде едноставно, брзо за прегледување, секој посетител да може брзо да види која ви е специјалност, да ги имате најдобрите ваши дизајни и нормално контакт форма да може веднаш да ве контактираат потенцијалните клиенти. Искрено, не препорачувам да има ваши пакети и стриктни ценовници, бидејќи низ годиниве од искуство научив дека секој клиент е различен.

DeathtoStock Desk7

Свој блог

Како надоврзување на своето портфолио, или можеби како засебна платформа препорачливо е да имате и свој блог. Споделувајте која е вашата специјалност, совети, трикови, туторијали, инспиративни галерии, начинот и процесот на вашата работа... Но, внимавајте сето тоа да не изгледа ваше фалење колку сте вие најдобри, оставете вашето портфолио да зборува за тоа. Користете го паметно, со квалитетни постови и пратете аналитика за она што најмногу се чита и бара. Имајте на ум првенствено да бидете корисни и да помагате на ваши колеги. Креирајте туторијали и понудете бесплатни ресурси и за кратко ќе ја зголемите видливоста како фриленсер.

Портфолио

Овде не мислам на портфолио како она што ќе го имате на вашата сопствена веб страна, туку портфолио на веб сервиси специјализирани и кои го нудат тоа, како Dribbble или Behance. Иако има и многу други, ќе останам само на овие две како најпознати. Верувајте ми на колку повеќе места имате ваши дела, толку потешко ќе би биде за менаџирање и апдејтирањето на сите и ќе ви одзема многу време. Овде дури дизајнерите се охрабруваат да постираат проекти од иницијални скечирања до финален производ. Дизајнерите, па и клиентите сакаат да го видат вашиот начин на работа, од идеја до реализација. Предност е што добивате веднаш фидбек од колеги дизајнери и фриленсери и понекогаш токму тој фидбек може да  ве спаси кон кој правец да продолжите и да ви заштеди многу време и енергија. Бидете активни, постирајте често и барајте фидбек.

DeathtoStock Wired4

Социјални медиуми

Колку и да се избегнува како феномен, социјалните мрежи, ретвитовите и лајковите диктираат дали и колку сте видливи. И тука би советувал да одберете она што вас најмногу ви лежи, а не да ве има на сите мрежи и не заследувајте секого, правете филтри и листи. Така ќе имате секогаш тајмлајн полн со креативни и инспиративни дизајни. Споделувањето на она што го работите, дали директно или преку посебните веб страни ја зголемува вашата публика повеќекратно. Креирајте квалитетни дискусии, вашите дизајни потрудете се да ги одбраните со издржани аргументи, со што ќе привлечете повеќе луѓе. Споделувајте и барајте критика, но не претерувајте да не изгледа дека секојдневно спамирате. И секогаш мислењата од ваквите медиуми земајте ги со резерва и нека не ви бидат главен репер за вашите дизајни, нормално со исклучоци. Нема да верувате колку од вашите клиенти, понекогаш „скришно“ ги читаат вашите постови или твитови.

Градење мрежа

Како што градите мрежа онлајн и кога веќе луѓето ве знаат виртуелно, пожелно е да не заборавите и на офлајн комуникацијата и себе промоцијата. Да, визит картите се застарена форма, но кај нас сеуште функционира. Дизајн средбите и конференциите се одлична прилика да запознавате и зборувате со многу познати и a и да запознавате нови луѓе, кои може да бидат ваши потенцијални соработници или клиенти. А со дизајн заедницата од вашето место, споделете ги искуствата и со останатите ваши колеги, верувајте ми има што да научите, и од постарите, но и од почетниците. Во секој случај ќе се вратите побогати и посикусни. Може токму од таму ќе го најдете вашиот следен соработник за вашиот следен проект.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons