Јун302014

ccc
Сигурно многу пати досега без разлика дали сте фриленсер веб дизајнер или фотограф пред да ги пратите дизајните на одобрување се прашувате како да ги заштите истите за да не се злоупотреубуваат од страна на клиентот. Посебно треба да се внимава со новите потенцијални клиенти кои ви платиле само дел или воопшто не платиле.

Најпрвин да расчистиме дека совршена заштита не постои, и дека колку и да се трудите да заштите некој ваш дизајн, може да се случи да си го видите после некое време истиот на билборд во некоја кампања.

Ниска резолуција

Прво и основно привју дизајните е да бидат во ниска (save for web) резолуција. Oва по дифолт е 72 dpi што е сосем доволно, но мој совет за покомплесни дизајни за да се видат деталите може да одите и до 96 dpi. На фотографиите стандардно, жиг (watermark) со ваш потпис, лого или "Photo by Name. All rights reserved" ќе заврши работа. Со ова се штитите да клиентот не може да го испечати да го постерот или флаерот или да употреби фотографија за истото. Кај логоата пожелно е да ставите и ваш опис. Мој совет е да не праќате flat привју, односно да не правите експорт во .jpg/.png туку прво да креирате мокап. Со тоа не само што на клиентот логото ќе му изгледа пореално, туку и вие се штитите лесно да се прецрта. Ова го правите на сите понатамошни корекции, освен се разбира на финалните дизајни.

q

Добар договор

Ставките со начинот на плаќање и праќање финални отворени фајлови мора да се јасно дефинирани. Мој совет е да стои, парафразирано: „Откако клиентот ќе го уплати авансот, и дизајнерот го добие потребниот бриф, почнува со работа„ исто и  „Откако клиентот го одобри дизајнот и ја уплати преостаната сума дизајнерот ги доставува сите потребни дигитални фајлови“
Кај веб дизајнот доколку е целосно ваш дизајнот и кодирањето тоа го наведувате на самата веб страна. Сум имал случеви, посебно кај дизајнот на инфографици, клиентот да бара да се откажете од тоа, за да стои друго име на компанија пример, но со одредена надокнада се разбира.
Друго што мора да задолжително да го имате во договорот е што се случува во случај на откажување на соработка на некоја од страните додека трае проектот. Дали и до кој процент од завршување на проектот рефундирате од уплатената сума.

z

Сопственост и права

Ова го издвоив како посебна точка бидејќи сметам дека е навистина важна, можеби кај нас сеуште не, но ако работите за странски клиенти, посветете внимание посебно на ова. Но секако и нашите македонски клиенти советувајте ги да дизајните да ги заштитуваат во Заводот за индустриска сопственост 
Значи, добро потенцирајте дека сите скечеви, драфтови, материјали, електронски фајлови, работни верзии се во сопственост на фриленсерот, и дека само финалните фајлови се сопственост на клиентот откако ќе добиете целосна уплата. Доколку не се случи тоа вие имате право да ги искористите за друг клиент. И за крај, како посебна точка мора да стои и вашето право јавно да ги објавите сите дизајни, или искористите во свое портфолио.

Меѓусебната доверба мора да постои од самиот почеток, и најдобро е ако почувстувате и најмал сомнеж да ја прекинете соработката, ќе заштедите и време и пари. Како и да е, ова се само основи при заштита на фајлови и дизајни за секој дизајнер/фриленсер, но колку поголеми проекти, толку и самата заштита е покомплексна.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons