Сеп092014

cc
Во денешно време фразите како „живееме брзо“ или „постојано сме во гужва“ се секојдневие и оправдување повеќе кое верувам сите во одредена ситуација сме го злоупотребиле. Обично е знак на лошо планирање на обврските и менаџирање со време. А доколку сето тоа потрае концентрацијата и продуктивноста опаѓа.

Продуктивните луѓе не дозволуваат обврските да ги „окупираат“ туку со правилен и навремен пристап, во комбинација со јасен фокус на работите околу себе може лесно да се направи ефикасен план и да се држиме до него без разлика на сите работи кои ни го одвлекуваат вниманието. Токму за ова, за сите оние навидум ситни работи, кои ни го одвлекуваат вниманието и за тоа како да се избегнат ќе споделам неколку совети.

apple-bag-collaboration-154-820x550

За да може да избришеме што е можно повеќе од to-do листата на обврски и задачи, дома или на работа, мора прво да го најдеме изворот и да се елиминираат сите „непријатели“ на продуктивноста.

social

На прво место бидејќи доколку не работите во област побрзана со социјални медиуми, може да биде најголем “потрошувач“ на вашето време. Да, има луѓе што едноставно живеат за тоа, да собираат лајкови...да се на измислени листи на најдобри...и сето тоа да се чувствуваат за момент како интернет селебрити и да мислат дека имаат некакво влијание. Социјалните медиуми од друга може да бидат корисни и совршена алатка за споделување корисни информации, да се извор на инспирација на секој креативец. Мора да си поставите граница пред да претерате и да се опседнете, пред сите тие нотификации ви го окупираат комплетно времето и сите други активности ви се поврзани со тоа. Дали знаете дека понекогаш и еден лајк може целосно да ви ја одземе конценрацијата додека работите и не само тоа, често се случува да се прават грешки токму поради „кратко“ проверување што има на Фејсбук и да бидете расеани цел ден со мисли во глава дека нешто мора да направите или дека сте заборавиле нешто битно.

Совети
Како и за се друго, не претерувајте и користете одговорно. Одберете една до две социјални мрежи како примарни, бидете корисни, помагајте и нека сето тоа ви биде задоволство а не обврска и товар. Друго решение кое се покажало ефикасно е додека работите да го исклучите звукот и конкретниот прозор да ви биде фул скрин. Без разлика дали е Фотошоп или Ворд, работа на цел екран спречува да ги гледате сите нотификации на десктоп. без разлика дали се имејл или скајп порака пример

sostanoci

На високото второ место, бидејќи состаноците знаат да бидат вистинско губење време понекогаш. До сега сум бил, а верувам и вие на куп состаноци кои се одржале колку да се каже и луѓе да си ја пополнат дневната агенда понекогаш дури сум се прашувал „Што барам јас тука“. Најчесто сето тоа може да се реши по имејл или краен случај телефон. Кај нас состанокот како форма одамна ја има изгубено првичната намена, и навистина се ретки состаноците на кои сум бил и излегле на крај продуктивни.

Совети
Прво поставете си прашање дали може, барем првично комуникацијата да започне по имејл и дали состанокот е неопходен. Состанокот мора да има јасен заклучок на крај и сите пред да отидат на состанок мора да се свесни за тоа. Уште пред да отидете на состанок дефинирајте временска рамка со доделување задачи за секого. Бидете со претходно спремни прашања доколку проектот го дозволува тоа, и спремни да одговорите на сите прашања. Запишувајте, и тоа најдобро прво во нотес или посебен тефтер за состаноци, со време, датум, рокови и сл. а после и во компјутер и во сите различни програми што ги користите за менаџирање со проекти, календар, роковник и сл.

multi

Постојат многу истражувања на темава, и за целиот мит за мултитаскинг, дали е подобро да сте мултитаскинг личност, или од оние што секогаш работат по едно, и додека не го завршат не започнуваат со нешто ново. Мултитаскингот го потикнува аналитичкото размислување и креативноста, но истовремено знае да биде исцрпувачки.
Сите ние сме различни, имаме различен стил на живот и затоа најдобро сами да процениме како е најдобро.

Совети
Без разлика дали сте сконцентрани на една задача или повеќе тренирајте го вашиот мозок, да имате контрола, да се фокусира без да скокате од една на друга мисла кои немаат никаква врска со работата.

imail

Живееме во време кога имејлот е смс на денешницата, и ако не вратите за неколку минути почнуваат да се загрижуваат. Ова е навистина голем непријател на продуктивноста. Најчесто добиваме нотификации на сите уреди дома и се случува веднаш да прекинеме со работата посебно ако очекуваме одговор, макар да ја ѕирнеме пораката за да може да подоцна да одговориме.

Совети
Одредете време кога најмногу би одговара дали ќе е наутро и пред крај на работно време, секои 3-4 саати. Креирајте правила и филтри. И тоа не само оние обичните стандардни кои ќе ве спасат од спамови, туку и посложени филтри. Направете приоритетна листа, нешто што Gmail го има од неодамна. Исто така фолдери за секој клиент, или етикети кај Gmail. Доколку сте во брзање, па дури и ако сте во канцеларија наместо десктоп одговорете преку мобилен или таблет. Минимизирање и повторното максимизирање на прозорци иако изгледа кратко верувајте одзема многу време. Користењето на повеќе монитори веќе станува стандард, и секогаш на вториот, т.е. помошниот дајте му само една намена. Без разлика дали е веб прелистувач, имејл клиент, твитер клиент и сл.

app-store-device-macbook-air-1171

И за крај, сите дистракции често се дел од работата, па би рекол и од продуктивноста. Многу често токму едно отворање на линк од Твитер пример е инспирација за некој дизајн за кој долго сте мислеле. Никој не очекува да работите 24/7 или да бидете концентрирани цело работно време. Дури има компании кои охрабруваат време во денот за релаксација и „забушување“ од работата, за да се олабавите и се вратите уште посвежи.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons