Ное192014

1111
После „мала“ пауза продолжуваме со блогирање. Овој пат со една тема која е секогаш актуелна и ги засега скоро сите, а тоа е работа за без пари. Сите ние до сега сме се соочиле со ова и затоа ќе се обидам да одговорам  на неколку прашања кои верувам ќе ви бидат корисни, како дали да го правите тоа, ако веќе сте профатиле како е најдобро, зошто и кога (не) треба да прифаќате, и на крај нешто за волонтирање итн. со неколку мои совети низ примери.

Најпрвин сакам да преброите колку пати до сега сте работеле за некој за без пари. Што било тоа, колку време ви одзело...сето ова грубо за почеток без никакви детали. И на крај колку би наплатиле реално, односно колку време а со тоа и пари сте „изгубиле“. Сигурен сум дека од конечната пресметка и сами ќе се изненадите, па дури и да се почетник фриленсер со само некоја година искуство.
Сега запрашајте се колку од тие дизајни што сте ги правеле за без пари се искористени и уште може да ги најдете испринтани или некаде онлајн? Сигурно не многу, ако е повеќе од 20 проценти вие треба да сте среќни. Краток заклучок на воведот, после извесно време, најголем дел од бесплатните ваши работи завршуваат во канта.

Пред да продолжам ќе споделам еден мал експеримент кој го направив лани кога скоро во исто време бев замолен од роднини (прв братучед и вујко) да им дизајнирам нешто бесплатно. На првиот му одговорив нема проблем ќе го изработам, а на вториот дека тоа ќе го чини (иста тарифа како секој друг клиент). И погодете што. Со првиот иако првично „мала“ работа, како и впрочем се на почеток, проектот се заврши за повеќе од месец дена и добив едно „Фала, може требаше другото да го одбереме“ А вториот не само што ми ја плати целата сума однапред, работата се заврши за помалку од 10 дена, беше презадоволен и навистина го ценеше она што го направив и она што го доби како финален производ, и на крај добив одлични препораки до негови индиректни клиенти. Може веднаш ќе помислите парите се поголема мотивација или слично, верувајте ми, за она што го работев бесплатно посветив три пати повеќе време и ресурси.

apple-browser-computer-3080-825x550

„Луѓето не ги ценат работите што ги добиле бесплатно исто како оние за кои платиле“

Ако погледнете и сами малку пошироко на темава. Вашите омилени парчиња облека или геџети на пример се обично оние за кои сте штеделе, а не сте ги добиле бесплатно. И сосем е нормално тие да ви се поомилени и да се грижите повеќе за нив.

Следствено на ова, ако некој (без разлика дали потенцијал клиент или роднина) ве праша за нешто да му направите без пари, прво што треба да помислите е дека не го цени она што го работите и слободно дајте му го тоа до знаење. Да, може навистина нема доволно да плати, но скоро никогаш тоа нема никаква врска со вас. Исто како што ако немате доволно нема да одите на вечера во ресторан и да барате нешто бесплатно. Доаѓаме до позната америчка изрека There is no such thing as а free meal.
Нормално, вие сте тие што најдобро ги знаете односите со пријатели, со пошироката фамилија и тука не постои строго правило туку вие одлучувате. Може со пријатели да изградите повеќегодишен однос на соработка на база на услуга за услуга.

Сите ние сме помалку наивни, посебно кога сме почнувале со работа. Сме прифаќале и за џабе и без пари...мислејќи дека тоа е добро за портфолио, за градење кариера...а и крај краева не може а да не помогнеш на пријател или роднина кога те моли или уште полошо убедува (читај лаже) и наоѓа секакви изговори. Од тоа дека само сработи го ова, ќе има пари после, или од втората работа дупло и после се срамат и кријат. Или дека они се големи фаци со врски и луѓе и може да ви завршат работи во иднина. Или дека се голем бренд па ќе биде добро за CV. Или дека ние сме стартап, и ако бизнис планот им успее ќе бидеш еднаков дел од тимот, за после да видиш дека веќе имаат неколку таканаречени стартапи одамна пропаднати и не те контактираат повеќе, туку си нашле „дете“ што им работи за џабе. Навистина листата на неубедливи, па и навредливи оправдувања е голема.

desk-desktop-monitor-3150-815x550

Волонтирање

Кај повеќето зборот има негативна конотација, главно поради лошото искуство и не добивањето ништо за возрат. Единствена форма која е пробоно а целосно ја поддржувам, препорачувам и практикувам. Работа на база на волонтирање е можна за секоја професија, па така и за фриленсери. Незаменливо искуство кога работите за некоја кауза, за организации, движења...што вредат и прават позитивни промени во општеството. Се сеќавам добро на почетокот Твитер беше одлично место, посебно за дизајнери, кога се правеа флаери, плакати, логоа...за маршови, протести, акции... доволно беше еден твит, без никакви брифови или фидбек...за неколку минути веќе има по неколку решенија и веќе наредниот ден се печати...каде имаш целосна слобода на изразување и на крај се чувствуваш дел од нешто многу поголемо. Токму таа слобода во дизајнирањето треба да е поттик повеќе за сите нови фриленсери, секогаш кога имаат време да волонтираат.

Со ова сакав да ја отворам темава на која сигурно ќе има и други постови. 

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons