Дек032014

111
Постои една изрека меѓу фриленсерите "Clients, can't live without them but you can't kill them" ;)

Материја која не се учи во ниту едно училиште за дизајн или кодирање, туку само со фриленс работа и искуство.
Сигурен сум дека во комуникацијата со потенцијалните клиенти сте имале ситуации каде тој го „оцрнува“ и дава лоши критики за претходниот фриленсер со кој соработувале. Тоа му доаѓа нешто како она кога ќе викнете мајстор дома и тој прво што кажува е што не чини и како претходниот фушерајски работел. Понекогаш навистина со право, посебно ако ви покаже дел од дизајните или кодот на пример. Но, отсе когаш сум имал некоја резевираност со ваквите клиенти и од мое лично искуство се појавуваат проблеми и недоразбирања.

argument-boxing-conflict-343-825x550

Да сите ние сме луѓе, со свои идеи, замисли и визии како треба едно нешто да изгледа и честопати не може да се сложиме.
Но, најважно е да се трудиме во старт да ги решаваме отколку да ги заташкуваме и ставаме под тепих сите проблеми и нејаснотии и да ни се вратат неколку кратно на крај. За се ова постои само едно единствено решение, а тоа е преку добра комуникација. Е сега ќе се запрашате што се подразбира под „добра комуникација“?

Точна дефиниција не постои. Секој фриленсер е различен колку што и секој клиент е различен и понекогаш колку и да сте добар во она што го работите ако не знаете добро да комуницирате може целиот проект да пропадне. Добра комуникација значи и помалку пречки до крајниот производ. Постои изрека дека ниту еден проект не пропаднал од „премногу“ комуникација туку од премалку комуникација. Врската со клиент, посебно за поголеми проекти се гради со месеци па и години. Вештина која доколку сте решиле да работите фул тајм фриленс е важна можеби како и вашиот талент. Никогаш не гледајте на комуникацијата со клиентот, без разлика дали е само преку имејл, или скајп или директни состаноци или други софтвери за колаборација како губење време. Баш напротив, разбирањето на барањата на клиентот во целост значи заштеда отпосле.

Добрата комуникација значи и искрена комуникација. Трудете се сите работи што сте ги ветиле да ги испорачате на време, и ако некогаш поради оправдани причини не сте можеле, не лажете туку бидете искрени, верувајте ми клиентот повеќе ќе цени ако му кажете дека едноставно сте немале инспирација, отколку да кажете бев болен или имав проблем со компјутерот на пример.

configure-disc-jockey-disco-1504-827x550

Други состојки на добра комуникација се почит, толеранција и трперливост.
Без разлика дали работите за поединец или поголема компанија, вашиот пристап секогаш треба да биде еднаков и професионален. И поединецот може да ви донесе одлични препораки и со тоа ви најде многу повеќе работа и големата фирма може да не ви плати, ова посебно важи кај нас. Клучен фактор во многу ситуации може да биде и самата атмосфера за работа. Трперливо и без импулсивни нагони пристапувајте кон секој проблем. Тоа е знак на искуство и професионализам. Ќе се изненадите, посебно ако работите за странски клиенти, дека она што ви изгледало лошо, па дури и навредливо во комуникацијата, било само погрешно читање на знаците и недоразбирање.

За крај, сите комуникациски вештини се нешто што со тек на време се учи. Но не од книги, туку со практична работа со поголем број на клиенти, од различни профили и делови на светов. Учете од грешките и корегирајте се. Навистина ако сте квалитетен фриленсер во ова време е штета да губите клиенти и работа само поради лошата комуникација.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons