Јан242015

1

После паузата пред и после нова година и празнициве продолжуваме активно со блогирање. Овој пат нема тоа да бидат корисни резолуции за фриленсери, туку како оваа година да бидете наједноставно кажано попознати.

Една од многуте предизвици за секој фриленсер е постојаноста и конзистентноста. Овде не мислам на работата, тоа се подразбира дека ниту еден фриленсер нема исти барања за работа, туку повеќе на себе промоцијата.
Во периоди на поголема работа каде се бркаат рокови се помалку имате време за други активности и вашата онлајн видливост се намалува. Што е сосем нормално ако тоа не трае долго. Приоритетите се јасни.

Ако не можете пример да го обновите вашето портфолио, да поставувате цели нови проекти на Dribbble или Behance кои знаат да одземаат доста време ако сакате секогаш тоа визуелно да изгледа перфектно, прикажете го барем она најдоброто, или за цело време покажете го процесот на изработка на пример, кратко и јасно. Најдобри алатки за ова се Твитер и Инстаграм.
Инстаграм е веќе на врвот за мобилна и инстант инспирација. Посебно после големата чистка од ботови и спамери а и селфи зависниците ;) Хаштагот се разбира е тука најмоќен, правилно користење и правилно пребарување даваат одлични резултати.

iphone-6-plus-by-tranmautritam-02

Би дал само еден пример, а тоа е за дизајнерот Себ Лестер, кој го следам уште додека имаше 1000 следачи на инстаграм и кој поставува исклучиво видеа од рачно цртање со четки, типографија и калиграфија, и кој сега верувале или не има преку 272 000 следачи. Дури и самиот неколку пати коментираше како Инстаграм му е најпосетувано „портфолио“

screencapture-instagram-com-seblester1

Тука секако би спомнал и неколку лични примери за мои дизајни кои токму преку инстаграм сега красат нечии домови.
Ако имате интересен проект, или не знаете да се одлучите за некое решение, слободно поставете го на гласање на Инстаграм, и сами ќе се изненадите колку брз фидбек ќе добиете, и што е најважно од секаков профил на луѓе. Имајте краток и едноставен опис, не заборавајте да користите хаштагови, за полесно да бе пронајдат останатите. Ќе добиете одлични идеи. Линкувајте до ваши онлајн портофолија, направете лесно да ве контактираат, споделувате на Твитер, Фејсбук, Фликр...и сето ова доколку имате постојаност во квалитетот а и квантитетот за кратко време ќе вроди со плод. Но, не заборавајте и вие да оставате ваш фидбек, коментирајте и споделувате други дизајни. 

Заклучокот е никогаш не го заборавајте Инстаграм, напротив доколку е потребно креирајте посебни профили за ваши дизајни освен личниот кој верувам веќе го имате.

Ова е итар начин да се допре и до клиентите. Има една поговорка „Ако те почитуваат дизајнерите, ќе те почитуваат и клиентите„

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons