Мар062015

11
Ова ќе биде краток пост за едно прашање кое ми го поставија неодамна, а тоа е: Како да ја зголемам тарифата? Има еден пример што често го кажувам и сигурно и низ блогот го имам парафразирано, но еве одлична прилика да почнам токму од него.

Пред неколку години клиент ми побара дизајн на лого, и побара да се видиме за да поубаво ми објасни со што се бави и какво лого бара. Додека траеше разговорот, запишував дел од работите што ги брифираше, а потоа стандардно си скечирам. На крај му реков, мислам дека вам ви треба некое вакво лого. Од прва не го сфати, но кога му ја објаснив идејата позади, бидејќи беше типографско и смарт лого, само кажа тоа е тоа. Колку ти должам. Јас му кажав 400 евра, на што одговори толку пари за 15 минути работа? Не, можеби 14 евра се тефтерот и моливот, ама се друго е за знаењето и искуството.

Времето потрошено во дизајнирање, без разлика дали е лого или веб страна никој не може да ви го врати, затоа тоа време „потрошено“ мора да продадете по добра цена.

2

Наједноставен одговор на насловот би бил: Цената може да се зголеми само со знаење и искуство.

Намерно напишав наједноставен бидејќи за ова може да има и други фактори. Како најтазе пример ќе го спомнам новиот закон за хонорарци и повисоки даноци.

Ќе се задржиме само на оние фактори поврзани директно со вас, не и условите и состојбата на пазарот.

Вие може да имате куп сертификати, искуство во дизајн студија или маркетинг агенции, меѓутоа ако немате доволно искуство во работа со клиенти, сето тоа е помалку залудно. Пристапот кон секој клиент, професионалниот однос и препораките од задоволните клиенти се она што се стекнува низ годините.

3

Постои една поговорка: „Евтините“ дизајнери го прават она што клиентот ќе им побара, додека „скапите“ она што на клиентот му е потребно.

Мора добро да го познавате клиентот, да знаете што работи и како да се подобри. Ако само испорачувате, без да се потрудите да давате и ваши предлози и идеи како да ги подобри резултатите, вие сте само алат во рацете на клиентот.

Или да поедноставиме, колку повеќе се запознаете со полето на работа на клиентот, толку повеќе ќе заработите.

За крај, не форсирајте. Ако дознаете дека некој друг наплаќал многу повеќе не значи дека и вие веднаш треба да го прифатите тоа. Или уште подобро обратното. Ако некој клиент ви каже дека некој друг тоа го прави за поевтино, не значи дека веднаш по секоја цена да го добиете клиентот и намалите тарифата. Тоа се први знаци на непрофесионализам и едноставно продавање само за да се придобие нов проект.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons