Апр052015

1111
Во последно време се почесто ми го поставуваат прашањето од каде наоѓаш фотографии, без разлика дали за веб страни, дизајни, за блогов...кои без никаков страв и лимитирања може слободно да се користат. Затоа решив да направам една листа со најдобрите кои ги нудат фотографиите бесплатно и во висока резолуција со мој краток опис за сите нив. Букмаркирајте бидејќи ќе ви се најдат сигурно.

Kaboom

kaboom
Фотограф Каролина Грабовска од Полска
Тема Најмногу уметност, храна, мода итн.
Број преку 600
Права Без никакви ограничувања
Линк http://kaboompics.com/

InstaStock

insta
Фотограф Дилан Симел
Тема Сите се фотографирани со iPhone
Број Само неколку, но објавува секојдневно така да бројката брзо расте
Права Без никакви ограничувања
Линк http://instastock.co/

Stocka

stocka
Фотограф Повеќе различни фотографи
Тема Објекти од секојдневнието на бела позадина
Број Неколку, но секоја недела има нови колекции
Права Без рестрикции
Линк http://www.stocka.co/

Splitshire

split
Фотограф Даниел Нанеску
Тема Природа, луѓе, техника
Број Стотици, но има и можност за премиум каде за само 20 долари годишно имате многу повеќе
Права Бесплатни за користење
Линк http://www.splitshire.com/

Gratisography

gratis
Фотограф Рајан Мекгвајер
Тема Сатирични, креативни
Број Десетици
Права Може да ги користите каде сакате и колку сакате
Линк http://www.gratisography.com/

Life of Pix

pix
Фотограф Маркетинг агенција од Монтреал - Leeroy
Tема Природа, архитектура, животни
Број Доволно
Права Без рестрикции
Линк http://www.lifeofpix.com/

Startup Stock

startup
Фотограф Маркетинг агенција Sculpt od Ајова, но најмногу се на Ерик Бејли
Тема Одлични за поврзано со стартапи, компјутери, дизајн
Број Не многу, но квалитетни
Права Иако без ограничувања, линк до нивната веб страна ќе ценат
Линк http://startupstockphotos.com/

PicJumbo

jumbo
Фотограф Виктор Ханачек
Тема Навистина имаат од секоја тема
Број Огромна колекција, само лани имале преку милион преземања
Права Слободни за користење
Линк http://picjumbo.com/

Made in Moments

moments
Фотограф Двојката Томи и Марина, кои патуваат низ светот заедно и споделуваат искуства
Тема Од најразлични места низ светов
Број Мала колекција
Права Бесплатни за користење
Линк http://www.madeinmoments.com/freephotos/

Unsplash

ubspalrch
Фотограф Ова е проект на Crew, стартап кој поставува преку 10 фотографии дневно. Секој може да пријави фотографија и се бираат најдобрите
Тема Рандом
Број Навистина многу
Права Без ограничувања
Линк https://unsplash.com/

StockSnap

stocksnap
Фотограф Различни
Тема Природа, градови, секојдневни ситуации, со ретро ефекти
Број Неколку
Права Бесплатни
Линк https://stocksnap.io/

Jay Mantri

mantri
Фотограф Џеј Мантри
Тема Патувања, пејзажи
Број Секој четврток објавува по 7 нови
Права Без никакви ограничувања
Линк http://jaymantri.com/

Има навистина уште многу слични сајтови, и навистина во последно време се појавуваат и нови и сигурно вие имате и ваши фаворити, но од мое искуство овие се најпрофесионални и најквалитните моментално.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons