Мај172015

hit1
Во фриленсингот постојат два типа на луѓе. Едни, професионалци во својата област а други кои почнуваат да се етаблираат во професионалниот свет.

Секако, и двата типа имаат иста цел, а тоа е остварување на своите кариерни цели преку градење на своите вештини со финансиски бенефит. 

Фриленсингот, како концепт на работа нуди алтернативен извор на финансии, е перцепиран и како професија која што нуди флексибилност во однос на локацијата и времето на работење, за тоа кога сакате да прифатите или одбиете ангажман, има различен концепт на наплата избегнувајќи ги секојдневните микро-менаџирања и односи работодавец-вработен. Hitlancer.com ги интегрира оние кои се во работен однос како и оние кои што се во потрага по наоѓање на работа или едноставно сакаат да работат од дома.

Наша препорака до сите што сакаат да се занимаваат со фриленсинг, не е да престанат со нивната работа на полно работно време, но доколку сметаат дека слободата во работењето ќе ги одведе полесно и побрзо до посакуваната работа подобро е на почеток да работат на пола работно време и да одвојуваат одреден ден во неделата кој ќе го посветат за фриленсање. Целта е да не се влегува во област која што не е претходно проверена, разумно и компромисно да се одлучува, за да не се доведете во случај каде што финансиски би биле загрозени. Точно е дека традиционалната работа нуди сигурност, но всушност фриленсањето може многу да ви помогне за да стигнете до посакуваната работа, без притоа константно да сте загрижени како ќе ги платите месечните трошоци.

freelance

Ризикот како фактор постои и за двете страни, за креаторот на проект како и за фриленсерот, во моментот на склучување на договор или поврзување. Доколку не сте соработувале со одредена компанија во минатото, а проектот би ви донел значаен дел од вашите финансиски приходи, обезбедете се да добиете на писмено:  услови за проектот, обем на работа, крајни рокови, износ на плаќање, како и за тоа колку долго би биле ангажирани на проектот. Дополнителни совети се да проверите доколку компанијата е легитимна, поставувајте прашања за репутацијата на компанијата и не плашете се да побарате професионални референци. Станува збор за Вашиот начин на живеење и имате право да се заштитите себеси колку што е можно повеќе. Градете партнерство со компаниите со кои ќе соработувате за да ја зголемите довербата, со цел да соработувате на долгорочен план и да добивате референци кои што ќе го трасираат патот до други поголеми проекти. Бидете креативни во соработката, издвојте се од масата фриленсери, преку додавање вредност на услугата што ја нудите, не само во намалување на цената на Вашиот труд по час.

Посакувана работа истовремено може да значи и отворање на сопствен бизнис. Некои луѓе го одбираат и тој пат, доколку имаат визија и се претприемнички настоени. Обратниот процес во фриленсингот овозможува индивидуите да ги подобруваат своите вештини во полето кое што им е од интерес, за да подоцна бидат поткрепени со портфолио на проекти. Тоа ќе ги направи поквалификувани на пазарот на трудот во процесот на барање на работа и им нуди можност за вработување во посакуваната компанија. Ова ќе им овозможи да ги скенираат и анализираат сите аспекти на работењето, со цел еден ден да отворат своја компанија во тој домен. Тоа е претприемничкиот и визионерскиот дух на одредени поединци, кои што се спремни да преземат ризици, да ги сфатат аспектите на работење и имаат храброст да се соочат со сите предизвици за да стигнат таму каде што заслужуваат. Мотивацијата, организираноста и посветеноста се вредностите кои ги карактеризираат успешните луѓе кои знаат да го следат својот сон.  Нема ништо лошо во започнување од дното за да стигнете до врвот.

Остварувањето на Вашите соништа може да Ве соочи со многу предизвици. Но, со внесување дополнителен приход, Вие ја стимулирате Вашата креативност и го намалувате стресот. Се’ што правите, а помага да ве направи навистина среќен во животот е голема награда за Вас.

 

Автор: Оливера Костовска

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons