Окт082015

toptal-blog-image-1444221868765-be2e5849e55a27df4394f4df0e01f339

Топтал вчера објави дека освен програмери и девелопери сега ќе може да се регистриаат и дизајнери како фриленсери. Сето ова е направено поради големата побарувачка од страна на клиентите. Кај дизајнерите фокусот е даден на UX, UI како и визуелноста и интеракцијата.

Најпрвин малку историја. Постои од 2010 година, и е една од најбрзо растечките иновативни компании. 
Топтал денес поврзува илјадници фриленсери со најпознатите стартапи и компании низ целиот свет, а најповеќе со оние од Силиконската Долина. Топтал е моментално најголемата компанија без свои канцеларии.

Тасо Ду Вал, еден од ко-основачите изјави дека дизајнот е всушност раскрсница од каде се спојуваат идеите на клиентите, со функционалностите направени од програмерите. Сето ова се прави за новите компании кои мораа дизајнери да бараат на други места, вака сега ќе може цел проект да се заврши на едно место.

Ова e Toptal Logo designers group и редовно се обновува на месечно ниво. 

landing page designers

Директорката за дизајн пак изјави „Функционалниот дизајн е мал но клучен дел од равенката, и освен портфолијата ние внимаваме и на тоа како дизајнерот комуницира, колку е иновативен, креативен и нормално да ги исполнува барањата на клиентот во зададениот рок“

Ова е одлична можност и за сите дизајнери фриленсери од Македонија, бидејќи од регионот веќе има доста. Иако селекцијата е строга, скрининг процесот е комплексен, сепак вреди да се обидете бидејќи работата на долгорочен план е загарантирана и тоа за светски познати компании и тимови на други дизајнери и програмери. Топтал ќе ви помогне со тек на време да имате портфолио со кое ќе се гордеете.

Untitled-2

 

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons