Мар122016

5
Едно од најважните одлуки, посебно на тазе дипломираните дизајнери, програмери е дали веднаш да пробаат со барање работа и отворени позиции низ маркетинг агенции или пак да почнат со барање работа онлајн и барање свои клиенти.
Сите оние што досега ме прашувале за совет, знаат дека на оние што никогаш не работеле во маркетинг агенција ги советувам дека е корисно и добро да пробаат, макар една година, а и на другите што со години се во маркетинг агенции, понекогаш и само во една, им велам најбрзо што може да почнат со работа како фриленсери.

За почеток ќе ги опфатам позитивните страни и зошто е добро да имате искуство со работа во агенција.

ЗА

1. Престиж
Да, иако сме мал пазар и сите поголеми агенции се бројат на една рака, сепак ќе може секогаш да се пофалите дека сте работеле таму и таму, дека тој билборд или кампања е ваша, дa ве вреднуваат според тоа, како идните работодавци, така и помеѓу колегите дизајнери/програмери.

2. Тимска работа
Од лично искуство можам да кажам дека колку е помал тимот, толку подобра е соработката и комуникацијата. Тука мислам на тимот креативци или тимот девелопери во една агенција. Ако претходно сте биле фриленсери најдобро ќе ја воочите разликата. Се адаптирате и си го наоѓате местото. Подобро работите, може да прашувате за совети и фидбек во секое време, учите од сите околу вас и на крај ќе научите побрзо да ги завршувате задачите.

3

3. Функционирање на една агенција
Агенцијата во старт ќе ве научи како функционира една компанија, посебно од областа на маркетингот. Како се поврзани клиентите, како да комуницирате со акаунт менаџерите, како се продава продукт, како се прави пич, како се припрема кампања, како да ги браните вашите идеи, како да бидете поубедливи во сето тоа. На крај, колку брзо напредувате во совладување на сето ова, толку брзо ќе одите напред и ќе за неколку години може да изградите одлична кариера и напредување.

4. Работа со познати брендови
Иако ова зависи нормално од самата агенција, сепак, дури и кај помалите агенции, секогаш постојат големи клиенти и сигурно ќе дојде на ред и вие да мора да работите за нив. Тоа е одлично искуство кое ќе ви помогне во иднина, кај идни маркетинг агенции, па дури и за клиентите дома може и те како да биде предност.

5. Брза можност за промена
Во секое време откако ќе почувствувате дека едноставно не напредувате, повеќе не ви претсавува предизвик ваквото работење, вие може да побарате друга агенција, и нормално сега откако сте влезени во тој круг, секое наредно работно место ќе го наоѓате се полесно.

ПРОТИВ 

1. Празно портфолио
Можеби најголема негативна страна е обврзувачките договори, дискрецијата со работа со клиенти кои не ви дозволуваат сето она што се го работеле да го ставите во ваше портфолио. Токму заради таа природа на работите, може и после неколку години вие сеуште да имате празно портфолио.

2. Одмор
Како вработен вас работните односи ви се строго контролирани со закон. Кога и колку денови може да имате слободни, кога и колку денови имате летен и зимски одмор. Не велам дека тоа е лошо, законот е исти за сите, но понекогаш едноставно сакате да побегнете на неколку дена, а тоа да зависи од поставеноста и целокупната структура во самата агенција.

4

3. Притисок
Се случува клиентите да имаат нереални барања, кратки рокови и за цело тоа време додека трае некоја промоција, кампања, настан...вие цело време да сте под постојан притисок. Да се работи прекувремено, па и викенди. Според мене секој треба да помине низ ова, така се стекнува искуство и се пече занаетот, но ако премине во секојдневие на подалечен рок може да има само негативно влијание.

4. Фиксна плата
Без разлика колку работа има, колку нови клиенти има, вашата плата е дефинирана со договор. Без честа евалуација вие може споро да напредувате, и во работата и со покачување на платата. За разлика од тоа, кај фриленсерите клиентот ви плаќа директно, целата заслуга е само ваша и вие ја диктирате динамиката на работа и прифаќање на нови проекти.

2

5. Бирократија
Дупки во законите, привремени договори, ненавремено исплаќање...посебно ако сте почетник и тоа ви е прва агенција. Иако искрено работите се подобрени, за разлика од пред 10 години кога прв пат почнав со работа, кога имаше дури случаеви на непријавување на нововработени, хонорарно плаќање итн. Сепак тоа е нешто што за некој навикнат само со фриленс работа на почеток може да биде збунувачко и фрустрирачко.

Слободно надополнете и споделете ги вашите искуства.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons