Мај192016

11

Иако обично ситуацијата кај фриленсерите е обратна, т.е. тие се плашат да не добијат „отказ“ од некој клиент, но мора да ги знаете и знаците кои укажуваат дека е време вие први да ја прекинете соработката со некој клиент. Нормално е доколку се има волја од двете страни и доволно време, да се направи напор да се изнајде решение. Еве 5 најчести знаци дека можеби е подобро да престанете со работа за некој клиент.

1. Работа без бриф

Проблемот со клиенти кои одбиваат да дадат бриф или информации за вашиот дизајн е што и самите не знаат што сакаат, ниту што да бараат од вас, па обично тука е муабетот „ти направи како мислиш дека е најдобро па ќе ти кажам дали е добро“ Ваквата работа во 90 проценти од случаевите завршува со тоа што на крај ќе имате направено многу драфт дизајни решенија, со многу корекции, за кои ќе бидете (пре)малку платени. Да не зборуваме за тоа дека психички ваквите клиенти ве исцрпуваат и страда работата за останатите ваши клиенти. Значи без да имате „црно на бело“ не почнувајте со работа.

2. Постојано доцнење со плаќање

Проблем кој сигурно секој од вас го има искусено најмалку еднаш во својата кариера. Тој е оној клиент кој постојано бара да биде потсетуван и опоменуван за задоцнето плаќање. На секој може да му се случат непредвидливи ситуации и доцнење, меѓутоа ако тоа се случува постојано, едноставно тој клиент не ве цени, ниту вас ниту вашата работа, и не губете си го залудно времето, туку барајте клиенти кои ќе го ценат вашето време и вашата работа.

22

3. Потценување

„Зарем за ова ти требаа 5 дена?“, „Имам пријател што ќе го направи три пати поевтино“, „Ова и син ми може да го нацрта во Paint“... се само дел од многуте начини како клиентот ја потценува вашата работа, а со тоа и вас како личност. Верувајте ми после првата слична реченица веднаш прекинете секаква соработка бидејќи ако продолжите вие долгорочно на крај само може да изгубите.

4. Копирање дизајни

Клиент кој бара од вас да направите идентичен дизајн со веќе постоечки. Дури бараат да се прецрта се, само да се смени името или некоја боја. Обично почнува со „најдов на Pinterest или Dribbble нешто што ептен ми се допаѓа, дали можеш да направиш исто такво“
Иако изгледа како лесна работа и лесни пари, никогаш не копирајте туѓа работа, тоа е едноставно крадење дизајн. Наместо тоа кажете дека тоа ќе ви биде само инспирација и ќе направите нешто уште подобро.

333

5. Комуникација на сите можни начини

Кога клиент во старт откако штом ќе ви прати пример корекции на имејл, ќе ви пише и на Фејсбук, и на Вајбер, и на Скајп и на крај ќе ви се јави во несоодветно време од ноќта...веднаш ставете му до знаење дека ќе комуницирате само по имејл, и дека не ви е единствен клиент. Поставете граници и барајте почитување на истите бидејќи понатаму ваквите клиенти може да ви одземаат драгоцено време, не само од времето за работа, туку и од вашето слободно време.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons