Јун082016

cover
Да се биде фриленсер значи и самостојно носење одлуки при комуникација со клиенти. Понекогаш тие одлуки не се базирани на анализа туку на чиста претпоставка што на крајот на денот може да значи погрешен избор.

Како фриленсер активно работам од 2003-та и тогаш со неполни 20 години без практично никакво искуство не бев ниту свесен дека одлуките што ќе ги носам може да бидат пресудни, како за успешноста на проектите, така и за пропаѓањето на истите во иднина.

Она што обично се случува е дека вие како дизајн или програмерски гик сте помалку и компјутерски гик, па клиентите од вас бараат и услуги како инсталации на хардвер, софтвер, учење на основи на работа со компјутер...и на крај се чувстувувате дека сте техничка поддршка. Се разбира вие како почетник не сакате да кажете не, и потајно се надевате дека ваквиот ангажман ќе ви донесе екстра поени кај клиентот, поголема доверба, а со тоа и повеќе работа.

SplitShire-3885 l

После извесно време, а тоа време може да биде и неколку години, сами ќе дојдете до заклучок дека секоја ваша работа, надвор од вашата експертиза е залудно потрошено време. Потрудете се секогаш прво да го сработите она за што сте платени најдобро што знаете, за да после успешно затворен проект, да се посветите на дополнителни активности што би биле бенефит и за вас и за вашиот клиент.

Втор случај кога обично се прифаќа буквално се, е кога немате доволно работа, а ви требаат финансии за основни потреби. Очајни за повеќе работа вие не знаете за не, па дури и под вашата тарифа. Ваквите потези краткорочно ве исцпуваат, а долгорочно имаат негативни последици кај вашите идни клиенти. Затоа користете ја вашата проценка и ако одбиете работа или клиент не очајувајте.

Сите лоши ситуации и неприлики со клиенти, гледани од дистанца ќе сфатите дека можеле да се избегнат или да се решат поинаку. Менување на пристапот до ниво на идеална врска со клиент е клучно. Па дури и откако ќе го воспоставите тоа, не е тоа формула и не важи исто за секој клиент. Искуството да се биде фриленсер не се само годините работа, туку се бројот на различни клиенти. Избегнувањето на лоши клиенти е како избегнување на дупки на патот, мора да ја намалите брзината, ќе изгубите повеќе време, но откако ќе ја заобиколите дупката вие ќе се движите побрзо.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons