Ное012016

prva
Како што ветив, со мало задоцнување овој пост ќе биде всушност мојата презентација во склоп на првиот стартап саем за кариера “LaunchCareer” кој се одржа во Јавна Соба на 13ти октомври. Целиот настан беше одлична прилика на сите стартап компании да се спојат со кадар кој им е потребен. Посетеноста и организацијата беше одлична, и се надевам дека ова ќе стане традиција.

 Најпрвин сакам да знаете дека сите вие што сте одбрале да бидете фул тајм фриленсери имате навистина тешка и одговорна работа. Вие имате вештини кои не се учат на ниту еден факултет, на ниту една школа. Понатаму ќе зборувам лично од аспект на дизајнер фриленсер, но ова се однесува и на сите други, од програмери, блогери, фотографи итн. 

2

Сите ние сме ме учеле дека ако имате одличен дизајн, по сите стандарди, да биде модерен, минимал итн. е доволно и сам ќе се продаде. Епа тоа не е точно.
И да не бидам сфатен погрешно, не се виновни школите, едноставно не постојат книги, ниту официјални правила како да се биде успешен фриленсер. 
Значи како фриленсер најбитно е да знаете да го продадете својот производ.

4

Пред да продолжам со советите, на кратко ќе дадам моја дефиниција што е фриленсер. 
Ако само ви кажам дека најпрвин вие креирате план и стратегија како да продадете, вие закажувате состаноци со потенцијални клиенти, значи сте офис менаџер. Понатаму вие правите истражување за клиентите, давате понуда, го испорачувате, го презентирате. правите фактури, наплаќате, на крај пријавувате данок, вие сте и администратор и сметководител. Значи вие сте една мала фирма, вие сте човек фирма. 

6

1. Прв мој совет е правилото од 5 секунди, но не е она правило ако ви падне храна дека имате 5 секунди да го кренете, ова е времето со кое треба да го импресионирате клиентот. Од моментот кога тој ќе ја отвори вашата веб страна или портфолио, мора да го задржите вниманието подолго. Или во превод, мора да го имате само најдоброто и да изгледа атрактивно. Најдобар начин да го постигнете ова е да го пратите вашето портфолио на 10 рандом луѓе, од пријатели, роднини, колеги...ќе се изненадите каков фидбек ќе добиете. Пример, најголема заслуга зошто имам фотографија на моето портфолио има мајка ми која наместо резиме, ме праша зошто нема твоја фотографија, што се покажа како одличен потег, за да потенцијалните клиенти во старт знаат со кого комуницираат. 

7

2. Да се биде фриленсер значи да се има фул тајм работа и со толкава сериозност и посветеност мора да пристапите уште на самиот почеток. Се додека ви е само хоби, за дополнителен кеш, така ќе ве третираат и клиентите. Многу добро ова го има кажано Mike Monteiro во неговата книга Design is a job, и која ја препорачувам на сите и следете го на твитер. 

9

Oсвен што е битно сите режими да паднат, вие мора сами да поставите свој режим на работа. Живееме во време кога нотификации не добиваме уште од машината за алишта, и кога на ова ќе се додаде дека работите од дома, вие сте во идеална средина да забушавате и прокрастринирате. Мој совет е да користите hubs и coworking места, да имате неделен и месечен план, дури и користење на алатка или апликација за менаџирање на вашите проекти. Кога еднаш ќе влезете во рутина вие сами ќе знаете, кога ви треба пауза и кои се ваши најпродуктивни саати.

11

4. Ова не е дејтинг совет, но совет да не чекате секогаш клиентот прв да ви пише. Морате сами да ги барате, да бидете видливи насекаде, да прифаќате нови медиуми. Дали знаете дека последните неколку клиенти ги имам добиено преку инстаграм. На пример, периодов е одличен за да направите листа од 20 поранешни клиенти, и да им пишете дали им треба нешто за новогодишните и божиќните празници. Верувајте дека барем двајца ќе побараат од вас некаков ангажман. И не заборавајте дека освен онлајн, и офлајн светот сеуште добро функционира. Комуникација, нетворкинг, настани, конференции, тука и надвор се одлична прилика за наоѓање нови клиенти. И ќе завршам со една одлична мисла

12

5. За крај, иако насловот на презентацијата е „Научи да заработуваш како фриленсер“ сите оние што работат само како фриленсери да пробаат макар една година да работат во агенција или дизајн студио. И обратно, сите оние што цела своја кариера работат во агенции фул тајм, да пробаат, макар неуспешно да бидат фриленсери. Верувајте ми, ќе научите многу. За предносите и мааните пишував во овој пост

13

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons