Ное182016

happ1
Има една изрека дека ниту еден проект или задача не пропаднала од премногу комуникација, туку од премалку комуникација меѓу фриленсер и клиент.

Освен што е важно комуникацијата цело време да биде постојана, без никакви прекини, исто е важно да биде отворена и искрена. Значи освен квантитет, и квалитетот на комуникацијата е битен фактор. Клиентот никогаш не смее да се посомнева дека нешто не е во ред од негова страна за да трпи вашата комуникација. 

Активната комуникација значи активно слушање на клиентот и неговите барања. Бидете концентрирани и запишувајте дури и најмали ситници кои откако ќе ги реализирате клиентот ќе сфати дека бил слушнат. Ќе бидете изненадени од неговата реакција кога ќе види дека она што го барал е инкорпорирано во самиот дизајн. 

happ2

Поставувајте прашања, многу прашања. Се она што мислите дека ќе ви помогне, колку и да ви звучи непотребно може да биде пресудно во насоката во работата отпосле. Уште повеќе ако со клиентот имате состанок во живо, а не само онлајн. Понекогаш ако не носите со себе нотес и пенкало, само вклучете го диктафонот на вашиот мобилен и дома преслушајте го, ќе се изненадите со сите детаљи кажани меѓу редови.

Редовни апдејти за процесот на работа. Ако имате некоја нова интересна идеја, веднаш споделете ја, не чекајте само да пишувате официјални мејлови. Така ќе му ставите до знаење на клиентот дека работите постојано, а не само колку да му ги земете парите.

Искреноста е особина која мора да ја практикувате постојано. Ако клиентот има невозможни барања, веднаш кажете му „не“ и зошто. Не чекајте да изгубите драгоцено време и пари, пред и двајцата да сфатите дека нешто не може да се направи. И да, професионален клиент ќе го цени тоа, ако не веднаш, во иднина сигурно. 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons