Ное232016

SplitShire-0419 1600-1280x854-970x500


До сега низ многу статии сум пишувал како да имате повеќе клиенти, како со оние кои работите најдобро да комуницирате, кога да му кажете „не“ на клиент и многу други теми и совети. Сега ќе пишувам малку од другата страна, т.е. совети до сите клиенти како да соработуваат со дизајнери и фриленсери.

Тоа не значи дека постов е само за клиенти, туку баш за сите, бидејќи ако не сте биле до сега, сигурно во иднина и вие ќе видете во улога на клиент.

Работата на фриленсерите во ниту еден момент не е само обично мени каде стојат услугите, цените и портфолиото за да може едноставно да си нарачате што сакате. Таквиот однос е склон кон пропаст уште на почеток. Замислете ваква ситуација, одите во ресторан, нарачувате јадење, и ви го носат премногу солено. Нормално го враќате и ви носат повторно. Вториот обид е препечено. Повторно го враќате. Што мислите уште колку обиди имате пред куварот и келнерот ви стават до знаење да пробате со друг ресторан?
Секогаш кога еден дизајн ќе го враќате повеќе од 3 пати, и над 5 ревизии и варијации, сетете се на приказнава. Секогаш пред да почнете да побарате понуда од фриленсер, добро проверете дали ви одговара според вашите барања, и може да го испорача она што сте го замислиле како идеја.


Многу клиенти имаат шефовски однос кон фриленсерите. Ако вие плаќате не значи дека и го поседувате фриленсерот, помислете дека можеби баш од такви шефови и директори одбрал да биде фриленсер и работи дома. Многу често фриленсерот има повеќе години искуство од вас и понекогаш е можеби паметно и корисно на долгорочен план да ги послушате неговите совети. Фриленсерот не е ваш вработен и ако сте од оние директори кои само наредуваат и користат исклучиво заповедни реченици, заборавете на тоа. Така да наместо да му кажете:

Смени ја позадината, користи го овој фонт? пробајте со:
Што мислиш да пробаме со позадина во друга боја и некоја нова опција за фонт?
Ваквите барања во очите на фриленсерите се пат кон дискусија, што за секој проект може да биде само корисно.


Вашите барања освен со детални објаснувања нека бидат и низ примери, многу примери. Фотографии, примероци, линкови, колку повеќе толку подобро. Многу важно освен што дизајнерот треба да знае во која насока да се движи, треба да знае и што не треба. Така да, и примери од она како не сакате и не ви се допаѓа може да биде пресудно за секој креативец.

photo-1430760903787-4d91bbf15384

Ако сте од ист град не значи дека фриленсерот работи и е достапен само за вас. Посебно важи за оние клиенти за кои мобилниот е главна алатка за комуникација. Не, фриленсерот може да има уште 10 други клиенти, и со секое ваше јавување откако сте добиле драфт дизајни, може само го прекинувате во работата, може воопшто не е пред компјутер и сите забелешки нема каде да ги запише. Не сте вие тие кои го диктирате планот за работа.
Совет за сите вас, научете да комуницирате на најпрофесионалниот начин, преку мејл.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons