Ное242016

cat-sitting-laptop

Конечно сте одлучиле дека ќе работите самостојно како фриленсер и сакате да ги знаете сите скриени тајни. Како за некој што го работи ова 10 години, сум поминал низ серија искуства, качувања и падови токму како фриленсер ќе се обидам за почеток да издвојам само три.

Поголема одговорност

Одговорноста спрема себе треба да е на исто ниво со одговорноста спрема клиент. Во компанија обично целата одговорност е на вашите претпоставени или директори. Арт директорот за неуспешна кампања пример, генералниот директор за се што потпишува и така натаму. Како фриленсер вие сте тие што потпишувате договори со клиентот, и вие мора да се придржувате кон тоа. Ако се касни со некој рок, нема никој околу вас за да се извадите. За сето ова станувате свесни дури после првата година од активно работење.

Работа со многу луѓе

Директна работа и комуникација со луѓе. Она што во агенција го работата обично акаунти, и имаат состаноци со клиенти, сега ќе го правите вие, директно или преку Скајп сеедно. Сите луѓе се различни, и сите клиенти се различни, да не зборуваме дека во исто време може ќе работите за некој од Чешка, Нов Зеланд и Порторико пример. Сите различни култури, различни работни навики. Вие сте тие што мора да се приспособувате кон секој, да знаете кој е најдобар пристап. Сето ова понекогаш исцпрува повеќе од самата работа на нивните проекти.

photo-1468971050039-be99497410af

Помош

Барајте помош, постојано, ќе ви треба. Да се биде фриленсер воопшто не е лесна работа, посебно во вакви времиња на криза, и посебно во Македонија. Секогаш кога ќе почувствувате дека сте заглавени, без разлика дали е тоа на некој проект, дали е комуникација со клиенти или едноставно финански проблеми, барајте совети и помош од ваши колеги и пријатели. Од моето работење досега можам само да заклучам дека фриленсерите кај нас воопшто или многу малку бараат помош. Не знам дали станува збор за его, или не знаат како, но кога еднаш ќе се ослободите сами ќе видите колку понекогаш едно кафе/пиво со вистинските луѓе знае да биде корисно и од помош.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons