Како да имате продуктивен ден
Една од најтешките секојдневни ситуации со кои се соочува секој фриленсер е како остане сконцентриран на работата а да не прокрастинира во време кога нотификации не добиваме уште од фрижидерот или машината за алишта.
Најголемиот блок кон продуктивноста е токму забушавањето.
Кога тоа се случува најчесто кога сте дома, голем дел од фриленсерите работат во кафеа, хабови, библиотеки, коворкинг места... места каде сте опкружени со луѓе или познаници, колеги и заедно со атмосферата, музиката може да биде добитна комбинација.
Онаа задача или проект кој најмногу го „мразите“ се оставајте го за последен. Така, многу лесно ќе го оставите за наредниот ден, и така наместо да го започнете денот со нешто инспиративно, вие ќе го започнете со она што најмалку го сакате и енергијата и креативноста ќе ја потрошите само на тоа. Затоа не одолговлекувајте, колку почесто оставате некоја задача во позадина и ја спуштате подолу на листата само ќе ви прави дополнителен притисок и ќе има влијание и на другите задачи.
Сите ние имаме има јаки и слаби страни во работата, без разлика колку сте искусен, има програм кој не го владеете добро, некоја алатка ја немате истражено до крај, некој програмски јазик го знаете помалку, некои ефекти врз фотографии не ги правите на професионален начин инт. Времето токму на ова може да биде контрапродуктивно и да ве успори дури и во другите проекти. Вие се знаете најдобро, и во такви ситуации најдобро е да соработувате со колеги и да препуштате дел од работата на нив. Така ќе видите дека целиот процес ќе оди многу побрзо.
