Совети за поуспешна 2017-та
По обичај секогаш на крајот на годината правиме рекапитулар што сме постигнале, и што сакаме да постигнеме наредната, а што да промениме.
Почнете од малите работи, почнете од тоа што конечно ќе го разчистите хаосот во вашата работна соба и бирото. Откако ќе завршите со тоа, посвете неколку и на десктопот на вашиот компјутер. Сите непотребни фајлови и фолдери избришете, а она што е потребно организирајте го по фолдери или веднаш бекапирајте. Така конечно ќе ослободите простор на хард дискот, што е ако е SSD и те како е битно, и исто важно ќе може да си ја видите сликата за позадина. И практикувајте го ова барем еднаш во 3 месеци.
Повеќе познанства значи и поголема мрежа за потенцијална соработка. Учествувајте, а зошто да не направите и сами митап со поголема група на креативци. Според AIGA на секои 3 месеци треба да отидете на кафе/пиво со поранешни колеги, запознавајте по еден нов контакт месечно и посветувајте 30 минути неделно за да пишете мејл за да ги одржувате врските со старите клиенти. Онлајн светот е супер, со виртуелната реалност веројатно ќе биде уште поинтересен, но никогаш не заборавајте дека ништо нема да го замени контактот во живо. Затоа и сите најголеми конференции не се одржуваат онлајн туку на нови места каде ќе имате прилика за разговори и состаноци со колеги од цел свет како и потенцијални клиенти.
Без разлика дали работите фул тајм или како фриленсер, мора да изградите свој препознатлив бренд, а ако веќе имате сигурно може да го подобрите за да биде моќна алатка при пребарувањето на нови потенцијални клиенти. Одвојте барем 2 цели дена месечно за вас и вашиот бренд, направете прецизна идентификација на вашиот стил, што е она што ве двои од останатите дизајнери, за вашата филозофија и вредности.
Откако ова ќе го направите целосно почнете со себе промоција на социјалните медиуми.
Сигурно до сега имате некаков бекап фонд и заштедено доволно средства, но ако немате најитно почнете со тоа. Ова нормално важи ако сте фриленсери. Никогаш не знаете дали и кога ќе има период на помалку работа и колку време тоа ќе трае. Мој совет е да имате однапред дефинирано буџети, пример за дизајнерски ресурси, за претплати на списанија ако имате, дигитални или печатени, за софтвер, и секоја година да го зголемувате. Понатаму буџет за дизајн конференции и патувања на Design Weeks пример низ Европа, а и подалеку. Само вака ќе бидете сигурни дека нема да останете без никакви средства до крај на месец и дека нема да трпи квалитетот на вашата работа.
За крај Ви посакувам 2017 да се изградите и подобрите како дизајнери и фриленсери, но и да учите од грешките.
