Апр012017

ideas1
Сите дизајнери и креативци се случува да имаат период кога имаат помалку дизајн идеи, или тие што веќе ги имаат не се доволни креативни.

Овој период знае да потрае и по неколку недели, и не зависи од тоа колку искуство имате. Да, креативноста е како мускул, мора често да вежбаме за да бидеме во форма. На повеќе ќе се обидам од мое лично искуство да споделам неколку совети како до покреативни идеи.

Најпрвин мора да разграничиме дека вие не барате идеи, туку само креирате средина каде идејата полесно доаѓа до вас. Идејата е како никулец, на кој му треба време и посветеност да се развие. Негувањето е дел од процесот, и затоа не треба да брзаме, мора да дозволиме да созрее.
Во оваа фаза често знаеме да избрзаме, што поради неискуство, што поради рокови или строги клиенти, и да дизајнираме нешто за кое отпосле ќе имаме покреативно решение.

Идеите се насекаде околу нас. Она што треба ние да правиме е да препознаеме што да отфрлиме во старт, а што да прифатиме и кон тоа да се насочиме. Обично мислиме дека тешко да се најде добра идеја, а ние на почеток ни “одлетале” како небитни. Ако не ја зачуваме првичната идеја и тој момент, може да ја изгубиме засекогаш. Затоа е корисно да имаме систем и начин за запишување, и да не мора да е посебен програм, туку тетратка и молив понекогаш е она се што ни треба.

ideas2

Искрено Evernote е една од првите и ретките апликации и програми која сеуште ја користам. Ако вие имате друга ваша омилена за собирање на идеа и на целиот креативен процес уште подобро. Важно е да не се менува системот често, бидејќи така го тренираме мозокот да размислува слично. Апликациите се предност бидејќи мобилниот е секогаш со нас, лесно може да направиме фотографија, да запишеме мислам, да издиктираме замисла…и други начини за инпут кои новите модерни смартфони дозволуваат. На почеток идеите нека бидат насекаде, и дигитално и во тефтер…но на крај мора да ги споите во едно, да ги имате на куп за да може лесно да комбинирате и да го извадите најдоброто. Ако ова ви прејде во навика, ќе забележите дека секој нареден пат имате повеќе и покреативни идеи.

Откако веќе ја имате идејата, следен чекор е реализација на истата. Само така ќе може да ја споделите, да ја видат повеќе луѓе и да добиете фидбек за истата. Во дизајнот многу често последната фаза, т.е. егзекуцијата е често поважна од самата идеја. Сигурно сте се нашле често во ситуација да прокоментирате “одлична идеја, ама можело и подобро да се дизајнира”. Сето ова може да се избегне доколку во старт имате неколку решенија, во различни стилови. Доколку добиете конструктивна критика и ги следите насоките добиени од таму, или едноставно дозволете драфт дизајнот да созрее, не брзајте со објавување, туку почекајте ден два дури и откако го имате дизајнот, за да имате простор и време да направите финални корекции.

За крај, после секоја одмината година, соберете ги сите дизајни, сите клиенти, и сите идеи на едно место за таа година и споредете. Ќе видите дали и колку брзо напредувате, ќе видите кои ви се слаби страни за да во иднина работите повеќе на тоа. 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons