Мај032017

wq
Без разлика дали сте фул тајм фриленсер или работите хонорарно како ваша секундарна професија, ниту еден проект не е до крај завршен ако не сте го наплатиле, вашето време и вашето искуство. Исто така и не е битно дали сте работеле за поединец, или за поголема компанија, мора да останете професионалец до крај, што значи да покажете на што сте работеле, колку време сте посветиле, и сето тоа помножено со работни часови, на крај да изгледа фино стокмено и дизајнирано, а не само да ја побарате сумата што сте ја договориле.

Денес постојат многу сервиси и алатки за креирање на фактури, но ретко кој од нив нуди и покрива лепеза од функционалности и опции. Верувам дека идеално би било ако сте дизајнер фриленсер сами да си ги дизајнирате фактурите, но дури и да сте не секогаш имате време за тоа, а и сакате освен дизајн и алатка која ќе ви води евиденција и ќе менаџира со сите претходни и идни фактури. А и сигурно после извесно време ќе сакате да го промените дизајнот, а не само да менувате име на клиент, таскови и крајна сума и препраќате една исто дизајнирана фактура на сите ваши клиенти.
Screenshot-2017-05-03-01.45.13

Сето ова и многу повеќе нуди Envoice алатка за фактури, совршена во секој детаљ, и што е уште поважно изработена од наши дечки, од Македонија. Тимот кој стои позади е Emit Knowledge софтверска компанија која до сега има развиено неколку веб апликации за повеќе стартап компании од целиот свет.

Она што Envoice нуди освен стандардни опции се и наплата на фактури преку Payoneer и PayPal, како и Stripe. Има одлична инкорпорација со Dropbox и Google Drive, со напреден систем за нотификации, како и финанскиски извештаи. Envoice не е само досаден документ само со текст и бројки, туку нуди и персонализирање со ваше лого и дизајн.
1-dKIFjMpkX23uaCk4M-mh5w
Креирањето фактури не само што е брзо, туку е вистинско ужување, најмногу поради интерфејсот кој е интуитивен и за помалку од минута вие веќе сте пратиле фактура до вашиот клиент. Како и да е, ако се случи да заглавите или имате нејаснотии имате live support кој ќе ве води низ процесот. Envoice навистина ќе ви заштеди време, а со тоа и пари, кое ќе може да го посветите на работата и клиентите. 

Сервисот стартува од утре, и најтопло ви препорачувам да се регистрирате, имате 30 дена пробен период, а за сите читатели на Дезен, добивате специјален попуст од 25%

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons