Јун052010

vacation_prva
За сите оние што работат од дома како фриленсери, одењето на одмори, посебно сега кога е сезона на летни одмори, знае да биде посложен процес, поврзан со повеќе планирање, и менаџирање на времето и проектите кои се во тек.

Меѓутоа со планирање однапред, и успешен баланс меѓу слободното време и работата може без многу дополнителни проблеми да си го испланирате вашиот одмор.

Најбитно е во секое време да ги известувате клиентите до каде сте со нивната работа, никогаш не оставајте ги тие да се прашуваат по неколку дена. 

Секогаш барем 15 дена однапред известете ги клиентите за вашите планови и за тоа дека ќе имате помалку време за нивниот проект. Да не се најдете во ситуација на ден пред да заминете да ви пратат некој поголем проект и да мора во последен момент да откажете. И тие мора да си го планираат времето во синхронизација со вашето.

Со себе мора да си го понесете и вашиот лаптоп или нетбук во случај на итни ситуации и корекции. И секогаш понесете си „интернет“ Smile Иако денес скоро сите попознати туристички имаат бежичен интернет, ако не сте сигурни, имајте и своја бекап варијанта. Овде мислам на мобилен или лаптоп со GPRS, 3G, web n walk или слично. Пример вашиот клиент згрешил нешто во поставувањето на нова статија на вебот и сега страницата е офлајн. Со вашиот лаптоп тоа може набрзина да го средите без да мора да чека  2-3 недели додека се вратите од одмор.

Секогаш имајте ги барем на УСБ стик моменталните проекти и сите нивни потребни фајлови. Се разбира може да ги имате и онлајн, меѓутоа воопшто не го практикувам тоа бидејќи верувајте ми не сакате да се најдете во ситуација да треба да симнувате 1 гига фотошоп фајл на пример.

Ако пак одите на одмор повеќе од 2 месеци мој совет е секогаш дел од работата, барем оние клиенти за кои знаете дека ќе има потреба да ги оставите тој период на некој колега фриленсер. Дури доколку сте блиски и може да му верувате, тој може прима и нови клиенти кои ќе се јават.

Последно но и не по важност, опуштете се и уживајте, бидејќи сте заслужиле.

pool

P.S. Не заборавајте го адаптерот за во струја, посебно ако знаете дека таму се различни приклучоците.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons