Јун172010

work_prva
Доколку сте од оние зависници од работа кои дел од работата секогаш ја носат и дома, или пак сте стриктно фриленсери и работите од дома, тогаш домашната атмосфера мора да ја направите и работна атмосфера. И не само тоа, треба да биде мотивирачка и инспиративна, посебно ако работите нешто што е поврзано со дизајн или естетика на било каков начин. Со тоа не само што ќе уживате во работата туку и значително ќе придонесе да бидете попродуктивни. Без разлика дали вашиот простор или буџетот ви е лимитиран, следниве совети се за сите вас.

Одвојте посебен простор само за работа

Можеби еден од најбитните совети. Со самото одвојување на простор или соба само за ваша работа, не само што физички сте направиле поделба, туку поважна е менталната поделба. Со самото влегување и со тек на време, вие се привикнувате и вашиот мозок на целото тоа опкружување му дава посебно внимание, каде креативност и инсирацијата се во преден план. Да се работи со лаптоп во кревет можеби звучи примамливо, но не и продуктивно.

2_ergonomic

Средена работна маса значи среден ум

Можеби ова звучи малку неверојатно, сепак вашето директно опкружување во голема мера го одвраќа или придобива вашето внимание. Дури и според многу дизајнери, минималистичкиот простор е најкреативниот. Сите непотребни геџети, хартија, купишта книги или цедиња, неизмиени шољи кафе, кабли и што ли уште, сокријте ги подалеку од вашиот видик. Се што ви треба е монитор(и), тастатура, глувче...останатите уреди како графичка табла, рутер, надворешен хард диск...нека во позадина а сепак на брз дофат на рака.

3_declutteryourworkspace

Користете и втор монитор

Овој факт е и научно докажан дека ја зголемува продуктивноста при работата. Посебно ако имате помал монитор. Без разлика дали сте блогер или дизајнер, од голема помош е да на еден монитор имате отворени да речеме слики за инспирација, на другиот активно работите, а на третиот доколку имате се разбира да бидете во контакт со клиентите.

4_secondmonitor

Визуелна стимулација на ѕид

Најдобрите според вас и вашето занимање инспиративни идеи, илустрации и креации што ги среќавате на нет или пак принтани слободно закачете ги околу вас. Дали е добар постер, типографски систем, интересни наслови...и не само тоа, слободно може да ги залепите и шоркатите на најчесто користените програми да ви бидат секогаш на дофат.

5_visualstimulation

Светлина и бои
Докажано е дека боите влијаат на нашето расположение. Затоа нивната комбинација треба внимателно да биде одбрана се со цел поголема кративност и повеќе идеи. Уште поважна е природната светлина. Иако надвор е топло, ако сте во климатизирана просторија, нека влегуваат сончеви зраци низ ролетните.

6_lightandcolouryourworkspace

Имајте растение
Иако ќе ве советувам за ова, искрено лично јас не го практикувам :) Според многумина цвеќето или друго природно растение е смирувачкиот фактор кога сме под стрес. Посебно ако развиете навика на поливање и негување на истото.

8_getsomeplants

Слушајте музика
Секогаш имајте музика во позадина, без разлика дали од компјутер, дали некое интернет радио или на слушалки...со помош на неа може да добиете одлични идеи и извор на инспирација. Посебно ако може да слушате класична музика :) Знае на моменти под притисок да ве смири, а друг пат да гја натера вашата креативност да проработи.

9_addmusic

Место за релаксација
Во текот на работата паузите наместо пред телевизор или фрижидер правете ги на удобна фотеља или ако имате кревет во вашата соба. Понекогаш дремка од 20 минути може да направи да ја снема измореноста и да бидете посвежи. Исто така, веќе стандардната шема со качување нозе на биро, наслонувње назад на столот и гледање во таван не ви помага како што мислите.

10_addacouchorrelaxationspace


Кои се вашите искуства? Или доколку имате дополнителен совет слободно споделете во коментарите подолу

коментари (1)add comment

E.I said:

0
...
Najmnogu obazavam da rabotam vo legnata polozba smilies/smiley.gif za toa i so notebook-ot sum vo krevet postojano, sreka sto ne dizajniram mnogu smilies/smiley.gif bi imal mnogu krivi linii.
јуни 17, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons