Јун222010

free_prva
Да се биде фриленсер дизајнер за многу луѓе е посакувана и атрактивна работа. Покрај сите предности, има и потешкотии, барем за оние што се почетници. Пробав во 5 точки да ги објаснат најважните фактори за да успеете како фриленсери.

Слободно коментирајте подолу со ваши мислења, искуства или совети.

 

Дисциплина и посветеност

Да се биде пример веб дизајнер во некоја компанија и веб дизајнер фриленсер дома има гоолема разлика. Дома никој не ви стои над глава, не ви бара ефикасност, не трпите критики од секакви лаици, немате стриктни рокови...дома вие ја имате слободата, но и обврската, се зависи од вас.
Со себе носите и голема одговорност, сами сте во секој неуспех, но уште послатко е што секој успех е само ваш, не го споделувате со колеги или вашиот шеф.
Најтешки се првите неколку месеци, во смисла на само-дисциплина. Сo самиот факт што работите дома не значи дека може да станувате напладне од спиење и да правите паузи од неколку саати.
Секогаш трудете се колку што може да имате слично работно време како да работите во компанија, но не со толку стриктни правила.


Менаџирање co време

Времето е голема „предност“ за секој фриленсер. Го имате доволно и со правилно менаџирање можете и добро да го уновчите. Секогаш треба однапред да си го планирате секој проект и колку време ќе ви одземе. Најважно се две работи секогаш да оставите простор и време повеќе за непредвливи ситуации. Cекогаш имајте листа на приоритетни проекти и клиенти.

rush-job

Комуникација

Не само како фриленсер, туку и за било кој вработен, комуникацијата е од суштинско значење за успех. Ефективно комуникација со клиенти значи разбирање на нивните барања и потреби. Со тоа не само што ќе го погодите вкусот на клиентот туку и значително побрзо ќе ги завршувате проектите. Сигурно сте имале или ќе имате клиенти кои и за поедноставен проект знаат да имаат неодреден вкус и нереални барања. Колку што може скратете го тој процес на праќање мејлови, ценето го времето на клиентот но и пред се вашето.

meansay

 

Финансиски менаџмент

Иако звучи може премногу економски термин сепак колку и да сте добар дизајнер, колку и многу клиенти и работа да имате, без правилно управување со финансиите сето тоа може да биде залудно.
Се разбира не треба да сте експерт по економија, но мора да знаете како да ги покриете трошоците, да имате маркетинг стратегија, да ги знаете основите на даноците, да ги знаете основите на кредитирањето и нивните услови, да го следите трендот и цените околу вас, личните финансии колку што може нека ви бидат одделени од „бизнисот“ и за крај да имате увид колкави ви е заработката.

shutterstock_34720780

Ценовна стратегија

Една од најтешките работи за секој фриленсер, посебно за почетници е одредување цена. Сите проекти колку и да изгледаат слични се различни меѓусебе. После неколку време активно фриленсирање ќе видите дека успешното и паметно одредување цена значи и повеќе финансии и работа за вас.
На почеток мора да знаете што се бара потенцијалниот клиент, колкав опсег на работа покрива за да може да му дадете понуда. Многу е важно да одлучите дали ќе наплатувате од проект или од работен час?
За сите фриленсери од Македонија дополнителен товар е што обично има една тарифа за домашни а друга за странски клиенти. Посебно кај нас има нелојална конкуренција, често се случува клиентот да ви каже дека има дизајнер кој тоа би го направил неколку пати поевтино, тоа не значи вие веднаш да понудите помалку, секогаш ценете го вашиот труд и професионализам, така и другите ќе ве ценат повеќе. Ако немате доволно работа да ги покриете трошоците не треба да работите за некој за џабе. Со тоа сами си правите штета а и на цела заедница од дизајнери. Прво намалете ги тарифите за неколку проценти, и секогаш клиентот нека знае дека таа цена е со попуст. И однапред знајте дека намалени цени не значи и повеќе клиенти.

shutterstock_545955611

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons