Јун262010

design_prva
Да се биде дизајнер фриленсер повеќе пати е докажано дека не е воопшто лесна работа. Не само поради работата, не само поради клиентите...туку и поради самите дизајнери. Подолу ќе пробам да разбијам неколку непишани правила и стандарди, но најповеќе да посочам дека секогаш прво да појдеме од самите себе, кога ќе се разбијат тие предрасуди полесно ќе се справуваме со работата.

 

1. Нема лоши клиенти, само лоши дизајнери.
Многу често дизајнерите незадоволството во работата го „истураат“ врз клиентите. Тие се криви, тие се лошите. Се разбира има и такви но дали сте помислиле дека можеби токму вие со лошиот третман и однос со клиентот сте го заслужиле тоа. На крај важи она дизајнерот работи за клиенти какви што и заслужува.

2. Најдобар начин да станете подобар дизајнер е да бидете клиент.
Се додека не се најдете во ситуација да мора да платите за работа која сте можеле или сте мислеле дека би можеле да ја завршите, нема да знаете како им е на вашите клиенти, колку е некогаш тешко и тие самите да објаснат што бараат. За сумирање, не работете за да имате клиенти, туку прво имајте клиенти за да работите, едни со други се правопропорционално врзани.

 

FF22_EcoFriendly

 

3. Ако сакате да ги едуцирате клиентите за дизајн, прво едуцирајте се себе си за клиентите.

Да го разложиме горе наведеното. Се додека не знаете во детали за работата на клиентот, неговата историја, најбитните бројки од бизнисот...ќе ја немате основата за почеток на било каква потенцијална соработка.

ff54_greyhair

 

4. Ако сакате да заработите пари концентрирајте се на работата, никогаш прво на парите.
Проектите кои од прва сте ги презеле за работа само поради пари, од старт се осудени на потешкотии и често никогаш и немаат завршница. Работата или во овој случај дизајнот трпи најмногу, вашата репутација и што е најстрашно вашите идни клиенти.

5. Комуникациските вештини се исто важни како и дизајнерските
Замислете дека сте завршиле цел проект поврзан со корпоративен идентитет, и само го предадете на клиентот, без никакво објаснување за вашите идеи, замисли, која е вашата приказна во позадина, зошто баш така а не онака дизајнирано. Дури и да го прифати како такво без објаснување на вашиот целокупен концепт, не значи дека сте се спасиле или сте имале добар клиент. Со тоа може само да изгубите во иднина. Сами барајте да направите презентација, со тоа покажувате дека вие не сте го направиле само заради парите, туку сте имале цело истражување во позадина, и дека сакате тоа да биде успешно и нормално пофалено во иднина, а тоа е не сомнено најдобриот и најевтиниот начин за нови клиенти.

 

ff94_lostclient

 

6. Јас сум професионалец и јас знам најдобро
Ако го користите овој аргумент пред клиентите, тогаш вие сте се само не професионалец. Дизајнерот не е доктор за да може да ја користи таа реченица. Секогаш, ама баш секогаш мора примате и совети и идеи од било кого, и аматери и доктори на науки, и од дизајнери и од некои што немаат ама баш ништо допирно со дизајн...бидете отворени за сугестии, понекогаш таа идеја заедно со вашата замисла може да доведе до ремек дело. Нормално, не значи дека секогаш клиентот е во право, вие сте тука да го насочите, меѓутоа кога клиентот ќе види дека има и нешто негово, макар мал удел во целокупниот дизајн ќе биде посебно задоволен.

 

FF144_HigherPower

 

7. Ако не веруваме во себе, не треба да не чуди зошто никој не верува во нас.
Дизајнерот треба секогаш да стои целосно зад својата работа, зад своите принципи и стандарди. Може ова не е добитна комбинација секој пат, но сигурно е јасен став за вашите убедувања и довербата во себе. Има безброј начини да го демонстрираме нашиот интегритет, најлошо е ако не го демонстрираме воопшто.

 

FF159_WordImages

 

8. Имате комплетна слобода во дизајнот
Кога ќе го слушнете ова од клиент, знајте дека никогаш не го мислат истото. Што и да им покажеш, мора да имаат забелешка. Иако многумина дизајнери се радуваат на вакви клиенти, мој совет нема да во таквата слобода сигурно :)

сите слики се позајмени од freelanceswitch.com

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons