Јун292010

health_prva
Иако за многумина да работиш дома е неостварен сон, сепак и таа работа си има свои негативни страни па дури и опасности по здравјето. Некогаш работа и над 10 часа во една позиција, немање разлика дали е викенд или работен ден, немање платен одмор...Ова темпо на работа може да има лошо влијание врз нашето здравје или работните навики воопшто. На повеќе одделив 5 најчести опасности и лоши навики кај фриленсерите.

Зависност од кофеин

Ако прва работа откако ќе се разбудите ви е „Кафе“ и ако прво го пуштате кафематот или ставате ѓезве на рингла пред да си измиете заби...тогаш сте зависник од кофеин.
Решение Ако не можете од прва да се откажете барем намалете ја шољата. Мозокот пак ќе регистрира 3 шољи кафе на пример, меѓутоа квантитативно ќе бидат помалку.

Stress

Работа до рано наутро

Многу фриленсери се ноќни птици. Ова не значи дека подобро функционираат на тој начин, туку дека навиката од порано да завршат проекти на време се провлекува постојано. Други пак работат во „трета смена“ бидејќи е помирно, нема бучава и сообраќај надвор, а и интернет „сообраќајот“ е намален и пријателите по друштвените мрежи не ве деконцентрираат во работата.
Решение Секогаш рокот за завршување на работата поместете ја еден ден порано. Така ако ви остане работа ќе имате цел работен ден, а ако не тогаш имате слободен ден и ќе може да се наспиете и одморите.

smoking

Пушење цигари

Среќа голема што не пушам цигари. Сите знаеме дека е лоша навика по здравјето. Фриленсерите кои пушат тоа го прават најчесто додека работат. Сигурно имате видено пријатели со полни пепелници со отпушоци на нивните бироа.
Решение Ако веќе не може да се откажете целосно, тогаш местото за работа нека ви биде зона на забрането пушење, не само за вас, за сите други, ако треба залепете и знаци. Пауза за цигара правете на балкон или во друга соба. Кога го знаете ова, и ако сте во сред работа дури и ако ви се пуши нема да станете и ќе го одложите за подоцна, и на крај ќе видите дека не сте запалиле цигара 3-4 часа.

carpal-tunnel-syndrome

(CTS) Carpal Tunnel Syndrome

Многумина немаат слушнато за овој синдром, а можеби го имаат. Најчесто го имаат гејмерите, а многу реална закана и за сите фриленсери. Настанува како резултат на исти движења кои се повторуваат подолго време, на прстите, зглобот, шаката. Без разлика дали куцате или само употребувате скратеници на тастатурата (пример CTRL + Z) безброј пати а прстите ни се на глувчето во една позиција долго време. Во најлош случај се можни и операции каде периодот на опоравување е и над два месеци.
Решение Правете кратки паузи на секој час, истегнете ги раменици нагоре, направете десет круга со зглобовите, и со едната рака повлечете ги прстите на другата наназад и држете по пет секунди. Ако има кој да ве измасира на вратот уште подобро. Ете само толку е доволно.

burning-eyes

Печење на очите

Најчесто проблем барем кај мене, а и кај повеќето што носат очила. Замислете работа по 10-12 часа на компјутер, плус неспиење, плус во зачадени простории...на крај очите ве печат, затоа што претрпеле голема болка.
Решение правете пауза на секои неколку часа со затварање на очите на неколку минути, понастрана од мониторите. Уште подобро ако ги измиете со ладна вода.

 

Ако имате некои ваши совети за опасностите слободно споделете и помогнете.

Зависност од кофеин
Ако прва рабора откако ќе се разбудите ви е „Кафе“ тогаш сте зависник од кофеин. Ако прво го пуштате кафематот или ставате ѓезве на рингла пред да си измиете заби.
Решение Ако не можете од прва да се откажете барем намалете ја шољата. Мозокот пак ќе регистрира 3 шољи кафе на пример, меѓутоа квантитативно ќе бидат помалку.
коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons