Фев222014

Сочи пинап календар

prva_c
Иако игрите во Сочи се веќе при крај, дизајнерите, посебно оние од Русија не престануваат да изненадуваат со одлични дизајни со кои ги слават и се гордеат што Русија е земја домаќин. Овојпат тоа е илустраторот Андреј Тарусов. Одлична комбинација од техники и тематики на американски пинап девојки од 50тите заедно со стилот на графика од комунистички Советски Сојуз. Календарот беше поставен и на руски краудсорсинг сајт Boomstarter и како успешен може да си нарачате испечатен верзија од календарот.

Фев142014

Откачени дизајни на сноуборд од Gabz

s
Иако веќе сезоната на скијање и бордање е одамна почната, и оние што бордаат одамна имаат купено опрема и даски, и најчесто сами си ги „украсуваат“ сепак, случајно налетав на уникатно дизајнирани даски за сноуборд кои вредат да се споделат. Сетот ENDVR III е креиран за Endeavor Snowboards од страна на познатиот полски дизајнер, илустратор и фриленсер Grzegorz Domaradzki, познат како Gabz.

 
Ное072012

Најдобрите насловни за 2012-та

111
Дизајнот на насловните страни на познати светски списанија и магазини се почесто е медиум преку кој издавачката куќа ги покажува своите вистински квалитети. Најчесто за специјални броеви или едиции се ангажираат дизајн студија или фриленсери кои ќе дизајнираат само насловни, надвор од дизајнерите кои ги дизајнираат внатрешните страни. Решив да споделам 40 кои од сите зачувани од оваа година мене ми оставиле најголем впечаток. Повеќето се од печатени или таблет верзии, а меѓу нив се и познатите: Time, El Mundo, Wired, New Yorker, etapes, Wallpaper*, NME, Metal Hammer, Vogue, Bloomberg и многу други. И сами ќе забележите дека во последно време се избегнуваат фотошопирани фотографии, туку се оди кон чиста илустрација, минимализам и целосно типографски насловни.

 
Ное022012

Минималистички концертни постери

111
Концертните постери за секоја музичка група или артист претставува уште еден медиум за изразување на пристапот и креативноста на самата група во склад со нивната музика. Обично за секоја поголема турнеја се ангажираат дизајнери кои ќе изградат препознатливост преку целата концертна сезона. Не ретко и ова се прави преку јавно отворени конкурси каде има најразлични идеи. Наместо стандардните клишеа застапени кај нас, со фотка од групата и испис по нејзе, направени најверојатно во Ворд, решив да селектирам дел од концертните постери кои се одвојуваат. Од класични илустрации до векторски минимализам. Нека ви биде инспирација за вашиот нареден постер.

 
Јул092012

„Типографски“ пакувања

121
Креативните пакувања на најразлични производи за широка потрошувачка е еден од клучните елементи покрај квалитетот и цената за поголема продажба. До сега, имавме неколку постови со креативни и уникатни пакувања, но денес примерите се во главно со еден сегмент и елемент на дизајнот, и најмногу преовладува, а тоа е типографијата. Ваквите пакувања се обично со минималистички пристап без многу ефекти и шарени бои, туку стрикно креативен распоред и интеграција на фонтови и типографија.

 

Страница 3 од 12

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons