Јун292011

35 одлично дизајнирани флаери

PRVA14
Флаер е обично едностран принт кој служи за промоција на настан, услуга, концерт  и сл. Доста често застапени бидејќи како прво се евтин рекламен материјал и второ се директен маркетинг кој лесно допира до поголема група на луѓе. Значи за да го задржи вниманието не треба само да е искуцан текст туку и тоа мало парче хартија мора да има своја приказна и идеја на себе. Еве неколку од подобрите дизајни за ваша инспирација.

Јун172011

Откачени покани за свадба

PRVA
Обично периодов е сезона на свадби, затоа и денес имам неколку уникатно и откачени покани за свадба. Наместо стандардните и постојано исти дизајни, дизајниве не овие покани се навистина креативни, и од аспект на идеја и реализација, и од облик и концепт. За тој специјален ден во животот вреди и поканите да се специјални.

 
Јун092011

Концертни постери

prvaconcert-gig-poster-designs-08
Почнува летото а со тоа и сезона на концерти и фестивали. До душа повеќе надвор отколку во Македонија, сепак има солидна понуда. Концертите се одлична промоција на групите, но и севкупно за музичката индустрија. Иако сме во ера на брза комуникација, на социјални мрежи...сепак една помалку застарена форма на рекламирање е останата, а тоа се постерите. Со добар дизајн тие може да играат голема улога во промоција и ширење на информација за концерти. Треба за кратко време да го задржат вашето внимание. Дури и не мора да има фотографија од изведувачот или групата, понекогаш минималистички типографски постер може да има поголем ефект. Еве само мал дел од најдобрите.

 
Мај262011

Филмски (типографски) постери

PRVbatman
Ова е серија на типографски постери базирани и инспирирани од филмови. Она што е посебно креативно и интересно е што типографијата е изведена само преку еден до два карактери, (обично од името на самиот филм) нивно повторување и од мал дел други симболи и глифови од самиот фонт. Крајно минималистички, а сепак се гледа колкава е моќта на правилно користената типографија во графичкиот дизајн.

 
Мај162011

25 Креативни визит карти

prva_viz
Сигурно при првите состаноци со потенцијалните клиенти, пишано правило е да се разменуваат конакт информации. Наместо запишувања телефонски броеви, имејл адреси и сл. со размената на само едно парче хартија ние сме направиле многу. Но, тоа парче хартија може да направи многу повеќе, посебно ако сте дизајнер, програмер, фотограф и сл. Доколку е уникатно и креативно дизајнирано, вие од старт сте оставиле првичен добар впечаток во очите на клиентот. И никогаш не штедете на квалитетен принт. Бидејќи залудно добар дизајн ако принтот е лош, и обратно. На повеќе се дел од најкреативните визит карти.

 

Страница 5 од 12

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons