Јан222011

Ретро компјутерски реклами

PRVAad012
Сигурно дома имате стари броеви на компјутерски списанија од пред 5-6 па и повеќе години.  Една од поинтересните работи, се огласите за компјутери, поточно застарените огласи и принтани реклами. Колку чинел Пентиум кец или компоненти за истиот. Овојпат ќе погледнеме баш такви реклами, но многу постари, од почетоците на компјутерската ера воопшто. Ќе наидете на 16 килобајти РАМ меморија, или хард диск од верувале или не 10 мегабајти за неверојатни 3500 долари, стариот добар Комодоре, или персоналенец кој зафаќа само 50 квадрати од вашиот стан :)
Да да, и нашите деца ќе го прават истото кога ќе ги гледаат огласите од нашето време, како ли само работеле на Quad Core и само 2 терабајти хард диск.

Дек012010

Празниците се ближат со Кока-Кола

PRVAdrink
Пред некој ден прв пат ја видов рекламата на Кока-Кола за Новогодишните празници и со тоа е веќе јасно дека почнува сезона на празници и дека се ближи Нова Година. Затоа и  краток пост токму за маркетингот на Кока-Кола, дизајнираниот, односно принтаните реклами низ историјата.

 
Ное222010

Facebook како книга, буквално

PRVAFacebook-Book-2
Една од најпознатите маркетинг агенции во светски рамки DDB и францускиот телеком Bouygues Telecom креираа сосем нов и интересен концепт на Фејсбук. Нешто како офлајн Фејсбук, или Лице Книгата буквално како книга. Значи сите ваши пораки, слики, коментари и сл. испринтани и собрани во една книга. Значи сите ваши сеќавања може кога сакате да ги прелистувате, и нема да може некој хакер да ви ги избрише.

 
Ное202010

Најдобри „алкохолни“ реклами

PRVAmariachi-beach
Алкохолните пијалоци се најрекламираните производи на планетава. Без разлика дали е дали е пиво, вотка, виски, вино...сите се натпреваруваат да имаат покреативна реклама, во овој случај принтана. Подолу е колекција на најдобрите и највпечатливите.

 
Ное182010

Инспирација за креативно CV

PRVAResume-Designs10
CV или кратка биографија е парчето хартија што ви го бара секој работодавец на интервју за работа. Тој документ, освен што има информации за вас, вашето образование, работно искуство и сл. е од огромна важност после портфолиото за тоа каков прв впечаток ќе оставите. Ова посебно важи ако сте дизајнер. Тој лист искористете за да ја покажете вашата креативност и дизајнерски способности и идеи. На повеќе погледнете дел од најдобро дизајнираните кратки биографии за ваша инспирација доколку ви затреба во иднина.

 

Страница 7 од 12

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons