Окт192010

Најдобрите омоти на музички албуми

PRVAMenomena_friend or foe 2007
Сигурно во вашата музичка колекција дома имате омилени музички албуми. Освен што ги знаете траките на памет, вие ги препознавате и по омотот, поточно по неговиот уникатен дизајн. Токму најдобрите дизајни ги одвоив денес за вас. И не само што имаат добар дизајн, овие албуми содржат и добри парчиња музика и топло ви ги препорачувам. Мислам дека и без наслов на изведувач/група и име на албум лесно ќе ги препознаете :)

Окт092010

Карикатурите на Патрик Строгулски

PRVA327355
Низ уметничките кругови карикатурата како стил на творење и изразување станува се попопуларна. Посебно се истакнува карикатуристот од Германија, Патрик Строгулски. Неговите карикатури се на едно ниво повисоко. „Претерување“ до екстремизам, а сепак толку прецизна техника, што секогаш од прва знаете за која позната личност се работи. Во неговото портфолио може да се видат, Роуан Аткинсон, Могран Фриман, Путин, Черчил, Бијонсе и многу други. На повеќе се дел од најдобрите, а сите погледнете ги на линкот погоре.

 
Сеп282010

Закони применливи во графичкиот дизајн

694780262_8874b4f225PRVA
Сите дизајнери мора постојано да стојат позади нивните дела, нивните функционалности, естетиката и визелниот идентитет. Двата концепти, привлечен дизајн и функционалност мора да одат рака под рака за целосно искуство на гледачот. Често за полесно и поефективно да ги доловиме ваквите дизајни користиме водичи, непишани правила и закони. Затоа подолу се дел од најкористените меѓу графичките дизајнери.

 
Авг312010

Со пенкало до уметност

ballpoint_sketches18PRVA
Цртањето со пенкало е најтешка техника во скечирањето. Сигурно како ученици и студенти сте полнеле цели тетратки со најразлични чкртаници. Досадата на предавањата на крај може да направи вистинско ремек дело. За разлика од моливот, тука најбитна е контролата и прецизноста. Ефектите тука се постигнуваат на различни начини. Но, и покрај овие лимити, пенкалото станува медиум преку кој се изразуваат од аматери до професионални артисти. Постои голем избор на пенкала, и за квалитетно скечирање мора да имате најразлични модели по неколку на број, крај краева тој е најевтин материјал на секој уметник. Од моето скромно искуство, би ве советувал секогаш да користите подебела хартија, 200-350 грамска хартија и секогаш почнувајте со најсветлото пенкало за да ги оцртате контурите, дури потоа може потемни па и црно на крај.

 
Авг242010

Изборот на боја - важен дел од дизајнот

PRVA
Симболиката во графичкиот дизајн е центар околу кој се пренесуваат сите пораки. Бојата е една од тие симболи за комуникација. Дали сте знаеле дека изборот на правилна боја на флаер, постер на некоја слаткара на пример може да предизвика жед и глад. Изборот на боите мора да биде во хармонија, како и во хармонија помеѓу другите елементи како типографија, композиција, лејаут итн.
Начинот на перцепција на боите може да биде и субјективно, и во голема мера различен во различни култури или нации. Како и да е, постојат бои кои се со универзално значење во поголемиот дел од светот. Основната поделба која сте ја учеле уште во основно е дека боите се топли или ладни. Боите кои се во црвениот спектар на бои се топли и најчесто значат чувство на пријатност и комфорт. Боите во синиот спектар пак се ладни и обично будат чувство на смиреност, лежерност. Интересно е да се напомене дека човековото око секогаш прво ги приметува топлите нијанси.

 

Страница 9 од 12

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons