Јул232010

Мали пакувања - големи дизајни

103-550x262
Дека малите и секојдневни работи може да имаат „голем“ и одличен дизајн, доказ се овие шеќерчиња за кафе. Иако секое утро кога го пиете првото кафе во ресторан или кафе бар ги користите, сепак не сте забележале дека овие мали пакувања може да имаат интересен дизајн. Не зборувам за оние каде стои само името на производителот или само користени како реклама. Еве избор на најдобрите

Јул222010

Страшно добри постери

horror_prva
Секој филм освен по добрата глума, ефектите, актерите, сценариото...останува да се памти и по добро дизајнирана плаката и реклама за него. Тоа е она прво нешто кое не натерало да застанеме покрај кино салите и да сакаме да го погледнеме филмот. Дури потоа доаѓа трејлерот. Ова посебно важи за хорор филмовите, секогаш со многу крв, страшни фотографии од филмот...од кои како помали и сме се плашеле. На повеќе направив селекција на најдобро дизајнираните постери за хорор филмовите.

 
Јул182010

Билборди со стил

best-billboards-59
Доволно е само да излеземе од дома и на секој чекор не демнат тие. Огромни, пренатрупани и без никаков ред и стил наредени билборди. Скопје како ниту еден друг град е буквално претворен во едно џиновско рекламно пано. Се искористува секој слободен простор за да издигнат огромни билборди, се натпреваруваат кој ќе постави поголем, на раскрсници има и над 20 билброди, секоја зграда е брендирана, секоја бандера е зафатена. Грдо и грозно, ни најмалку урбано. Додека на запад ова е строго регулирано, ги има најчесто надвор од централни подрачја на градот, на автопати, но никако на зелени површини или пред значајни градски градби. И не само тоа, не е доволно само да се напише нешто црно на бело и да се излепи цел град, треба идеја, треба креативност, и билбордот може да биде инспиративен медиум за маркетинг. На повеќе погледнете на што мислам.

 
Јул172010

Музички графики

world-a-better_prva
„Музичка филозофија“ е проект кој ги комбинира музиката и графиката. Дизајнерот Мико употребувајќи извадоци од текстови на познати песни дизајнирал креативни во сите бои типографски постери. Песните сигурно и сами ќе ги препознаете, од Битлси, Боб Дилан, Перл Џем и други познати групи и музичари.

 
Јул112010

Уметност од насловни

cover_prva
Насловните страници на било кој весник, списание, магазин, книга и сл. е првата и најважна страница со која читателот доаѓа во контакт. Затоа обично на насловните се посветува најмногу внимание, и за нив има и посебни тарифи за дизајн. Ако сте го привлекле некој рандом читател без тој да знае за какво списание се работи тогаш знаете дека сте завршиле добра работа со дизајнот. Посебно ова е важно за магазините посветени на дизајн. Тука мора во полн сјај да се изразат сите капацитети и можности на дизајнерот или дизајнерите. За вас одвоив над 30 насловни на познати списанија за уметност, графика, принт и дизајн, одлични за ваша инспирација понатаму.

 

Страница 10 од 12

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons