Мај222014

Дизајнот на Кока Кола за Светското во Бразил

colacover
Остануваат уште 20 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал во Бразил а Кока Кола веќе на големо е буквално насекаде со својот специјален нов визуелен идентитет токму за Мундијалот.

Апр272014

„Филографика“ на Генис Карерас

cover
Илустраторот и фриленсер Генис Карерас од Лондон во својот проект „Philographics" графички ги претставува различните правци и движења во филозофијата во еден минималистички пристап, со крајно едноставни елементи и комбинација на чисти бои. Веќе се направени во форма на картички за во училишта и факултети а на повеќе погледнете ги сите 50 постери.

 
Апр092014

Познати филмски постери во швајцарски минимализам

cover
Швајцарскиот минимализам и типографија како правец е развиен во раните 50-ти години на минатион век. Се карактеризира со чист пристап, јаки бои, читливост, сан серифни фонтови меѓу кои најзастапени се Хелветика и Акциденс Гротеск. Токму во овој стил дизајнерот и фриленсер Оли Мос ги преработува најпознатите култни филмови.

 
Апр092014

Креативен дизајн на „познати“ факти

ccover
Сигурно до сега сте налетале на некој дизајн на Truthfacts. Тоа е проект на Kind of Normal и преку минимал векторски дизајн на еден сатиричен начин се прикажани факти од секојдневието кои мора да признаеме дека се точни, или приближно точни :)
На повеќе дел од најновите дизајни од оваа година на еден куп.

 
Мар062014

Уникатни концертни постери

gig_cover
Сите оние што одат често на концерти најчесто освен билетот (кој во последниве години е ист за секој концерт посебно во странство) ги собираат и чуваат и постерите за најава на концертот. Постои една цела заедница која е прилично голема. Ова посебно важи ако во колекцијата имате ретки постери со униткатен дизајн кои биле испечатени во лимитиран број. Постерот освен што треба да ја има улогата на класична реклама, за време, место, билети, турнеја и сл. мора да има и дизајн кој во целост ќе одговара со стилот и жанрот, освен ако не има стриктни стандардни за цела турнеја. На повеќе одвоив 20 креативни концертни постери.

 

Страница 2 од 12

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons