Јун092010

Постери во круг

cirle_prva2
Со дизајн на постер може целосно да ја покажете својата креативност, посебно ако имате слобода до одредена мера. Целината и компактноста на елементите и формите е многу важен фактор. Синхронизираната репетиција на еден елемент по големина, боја и форма е доста чест концепт за многу дизајнери. Во прилог ви претставувам 20 постери каде главен елемент и почетна инспирација е кругот.

Јун062010

Светско првенство во фудбал 2010 постери, маскоти и логоа

fifa_prva
Од 11 јуни до  11 јули во Јужна Африка ќе се одржи 19-тото Светско првенство во фудбал. Овде нема да зборуваме за групите, нема да типуваме, ниту за стадионите или слично. Ќе ги разгледаме постерите, маскотите и логоата на ФИФА Светските првенства од 1930 година до денес. Со споредба може да се забележи напредокот во графиката и дизајнот, посебно кај маскотите и логоата. Мое омилено лого е Пике од Мексико 1986-та , а лого тоа на Јапонија и Јужна Кореја од 2002-ра.

Интересен е фактот што од 12 маскоти дури 6 се животни.

Маскотата на годинашново Светско првенство се вика Закуми и е дело дизајнирано од Андриас Одендал. Леопард со жолто тело и зелена коса, како и боите на дресовите на репрезентацијата на Јужна Африка.

 
Јун062010

Амперсанд [&]

amp_prva
Амперсанд или знакот за поврзување „и“ (&) е логограм за свзникот „et“ на латински. Всушност тоа лигатура (кога имаме два карактера поврзани меѓусебе) од „е“ и „t“. Ако подобро го погледнете ќе видите за што станува збор. Како симбол во дизајнот и графиката е доста застапен. Најмногу кај типографските логоа, посебно кај фирми и компании кои се здружени во концерн или некаков вид на партнерство и тоа кај адвокатски компании, архитектонски фирми, брокерски куќи и сл. Како симбол и засебен карактер е посебно интересен заради неговата уникатна форма и добра основа за менување според вашите потреби. На повеќе има мој избор од 35 различни дизајни на амперсанд и неговата примена со примери.

 

Страница 12 од 12

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons