Авг242010

PRVA
Симболиката во графичкиот дизајн е центар околу кој се пренесуваат сите пораки. Бојата е една од тие симболи за комуникација. Дали сте знаеле дека изборот на правилна боја на флаер, постер на некоја слаткара на пример може да предизвика жед и глад. Изборот на боите мора да биде во хармонија, како и во хармонија помеѓу другите елементи како типографија, композиција, лејаут итн.
Начинот на перцепција на боите може да биде и субјективно, и во голема мера различен во различни култури или нации. Како и да е, постојат бои кои се со универзално значење во поголемиот дел од светот. Основната поделба која сте ја учеле уште во основно е дека боите се топли или ладни. Боите кои се во црвениот спектар на бои се топли и најчесто значат чувство на пријатност и комфорт. Боите во синиот спектар пак се ладни и обично будат чувство на смиреност, лежерност. Интересно е да се напомене дека човековото око секогаш прво ги приметува топлите нијанси.

 

ЦРВЕНА

Црвена значи агресивност, импулсивност, живост, енергичност, стимулира, провоцира...едноставно не може да не се забележи или да се игнорира. Типичен и понов пример кај нас логото на ONE, се забележува и од најдалеку.


red-color

РОЗЕВА

Во зависност од јачината и вредноста значењето може да варира. Магентата е сензуална, театрална, женствена и одлична во комбинација со сиви нијанси. Погледнете било која реклама на T-Mobile и се ќе ви стане јасно.


pink-color

ПОРТОКАЛОВА

Се она што е црвената, меѓутоа блага варијанта, по смирена, по пријателска. Одлична за мирни и ненападни дизајни.


orange-color

ЖОЛТА

Жолтата е боја која привлекува внимание на прв поглед. Посебно ако се користи со јака црна ќе добиете силен контраст, баш како во природата, само за пример, тигар, пчела итн. Освен тоа буди апетит и жед. Не за џабе Фанта ја одбрала баш оваа боја.


yellow-color

КАФЕАВА

Тешка, издржлива, полна, јака, богата...се само дел од придавките кои оставаат трага после гледањето на оваа боја. Асоцира на земја, топлина, стабилност.


brown-color

СИНА

Боја која многу корпорации и фирми ја користат како главна боја. Се поврзува со смиреност и тајност. Само мало затемнување и веќе имате црвстина, авторитет, кредибилтет, убедливост, лојалност...со еден збор моќ за комуникација.


blue-color

ЗЕЛЕНА

Прва асоцијација е природа, трева, дрвја и сл. Баш поради тоа се зема и како неутрална боја. Кога имате црвен или жолт цвет во дизајн скоро секогаш зелената е во позадина.


green-color

ВИОЛЕТОВА

Сложена, загонетна, прикриена боја. Има спектар на симболика од кралска елеганција до духовна мистерија. Омилена боја на многу дизајнери.


purple-color

БЕЛА

Белата комуницира со чистота, беспрекорност, јасна и едноставна комуникација. Обична на темни дизајни се користи за разбивање и истакнување.


white-color

ЦРНА

Класика. Силна, моќна. Дизајнери распознаваат повеќе видови на црна боја. Со белата нераскинлива комбинација на длабочина и контрастност, светлина темнина, добро лошо.

black-color

коментари (2)add comment

Marko said:

0
...
Bravo za statijava i bravo za celiov blog mnogu korisni raboti mozat da se procitaat ovde.
Bravo druze i KEEP GOING ON!!!
август 24, 2010

janev said:

0
...
@Marko fala druzhe, se trudime...ke bide i bolje...nema ni dva meseci...I will keep going on smilies/smiley.gif
август 26, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons