Сеп282010

694780262_8874b4f225PRVA
Сите дизајнери мора постојано да стојат позади нивните дела, нивните функционалности, естетиката и визелниот идентитет. Двата концепти, привлечен дизајн и функционалност мора да одат рака под рака за целосно искуство на гледачот. Често за полесно и поефективно да ги доловиме ваквите дизајни користиме водичи, непишани правила и закони. Затоа подолу се дел од најкористените меѓу графичките дизајнери.

 

Законот на Хик

Овој закон ја истакнува важноста на едноставноста. Посебно при селекција и избор на опции. На една веб страна тие треба да бидат сведени на минимум, колку повеќе полиња и информации има за пополнување толку тоа е потешко за посетителите. Се што е непотребно и без никаква причина го зема вниманието треба да се изостави или поедностави. Или по нашки кажано „кратко и јасно“.

Поделба на ТРИ

Ова е метод со кој елементите се така распоредени за да бидат попријатни за човековото око. Посебно важи за фотографите, последните модели на фотокамери ја имаат оваа опција како стандардна. Со две линии хоризонтално и вертикално, дисплејот се дели на 9 парчиња. Значи она што сакаме да биде во фокусот најдобро е да зафаќа еден или два квадрати или во движење со некоја линија.

3

Законот на Фит

Може да се опише на кратко како „времето потребно да се стигне до целта“. Или во пракса, класичен пример во веб дизајнот, делот кој може да се клика, колку е поголем или подобро означен толку е побрзо достапен. Голема грешка која сеуште се прави е на пример на менито од некоја веб страна само текстот е линк а не и делот околу.

fittslaw

Перфектен размер

Посебно користен во архитектурата уште пред стотици години а денес скоро насекаде применлив, од Стоунхенџ до дизајнирање на виолини. Совршениот размер е 0.618 меѓу сите елементи, посебно ширина и висина. Кога ова ќе се аплицира на правоаголник се добива спирала, која се смета за природно движење, нешто уникатно, како на пример кај линијата кај школките.

image19

Низата на Фибоначи

Низа од броеви каде секој нареден е збир од претходните два. Ако почнеме со 1 вака би излгедала
1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55....
Ова е откриено дека било користено во многу класични дела и математиката. Денес како дизајнери може да го користиме за креирање патерни, гридови за големина и размер.

За крај погледнете го одличното видео на Кристобер Вила насловено „Природата низ бројки“ каде се претставени дел од законите погоре.

коментари (2)add comment

tanjam said:

0
...
на прв поглед мислев ова е еден уште многуте мк страни кои се те једни те исти, меѓутоа тука има стварно корисни работи да се прочитаат, сигурно почесто ќе го посетувам
октомври 01, 2010

danijanev said:

0
...
fala Tanja, ova e samo pochetok, ke ima mnogu novini i izmeni, kako i se podobri postovi, prodolzhi da chitash dezen.mk, pozdrav
октомври 01, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons