Дек012010

PRVAdrink
Пред некој ден прв пат ја видов рекламата на Кока-Кола за Новогодишните празници и со тоа е веќе јасно дека почнува сезона на празници и дека се ближи Нова Година. Затоа и  краток пост токму за маркетингот на Кока-Кола, дизајнираниот, односно принтаните реклами низ историјата.

Најпознатиот бренд на планетава Кока-Кола својот успех немаше да го има ако не беа нивните реклами. Денес дури маркетинг менаџери земаат примери и учат од маркетинг историјата на Кока-Кола. На кратко зошто маркетинг стратегиите на Кока-Кола се толку успешни.

5cents

Првата Кока-Кола е продадена во 1886 во Атланта, но првата реклама се појавува дури после 9 години, во 1895. Првата принтана реклама е илустрација на младата актерка Хилда Кларк, која во тоа време била и своевиден портпарол на компанијата. Таа е прикажана во луксузна облека, богата и како пие од стаклена чаша и до неа на масата се наоѓа знак, Кока-Кола за 5 центи.

drink-3

Ова е само почеток на наредните серии на реклами каде жените беа во главна улога и на некој начин Кока-Кола е претставувана како освежувачки пијалок кој може да им даде повеќе сила и енергија за да ги издржат сите секојдневни обврски.

pause

Како што компанијата растела и се развивала, буџетот за маркетинг бил збогатен и рекламите биле збогатени. За време на 50-тите и 60-тите години на минатиот век најпозната била рекламата на маж и жена под кабаница се скриени од дождот но се среќни и наздравуваат со Кока-Кола.

be-refreshed

Понатаму, на брендот се гледа како задолжителен пијалок за време на паузите од работа, за да може да се издржат задачите и обврските. Како што компанијата станувала се побогата, облеката на девојките станувала се „посиромашна“. Фустаните станувале се покуси, па дури и само на костими за капење.

real-thing

Следниот период е загриженоста и грижата на Кока-Кола за загадувањето и здравјето на луѓето. Се повеќе рекламите се со теми на рециклирање и семејните вредности. Како што потрошувачите стануваа по свесни за нивното здравје, така и Кока-Кола им нудеше лајт верзии на нивните производи.

recycle

Иако, американски бренд, Кока-Кола својот маркетинг многу успешно го адаптира за секој пазар во светот. Не секоја кампања која е добра за во Канада на пример е применлива и во Индија. Денес, Кока-Кола како изграден бренд, продолжува и понатаму да наоѓа свежи начини како да допре до потрошувачите. Она што повеќето компании можат да научат е дека колку и да се популарни и познати, никогаш да не се запира со рекламирање, ефективно рекламирање.

light

За крај погледнете ја овогодинешната тв реклама на Кока-Кола

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons