Мар172011

PRVAgriotte-bajadera-fontana-kugle
Сигурно веќе имате ги забележано новите пакувања на најпознатите производи на Краш. Дури и да не ги купувате често тие го имаат привлечено вниманието од рафтовите во супер маркетите, токму со нивниот нов дизајн. Сакав одамна да пишам за ова, но еве си дојде на ред :)

Прво малку за маркетинг агенцијата која е заслужна за сето ова. Хрватската Bruketa&Žinić OM како име можеби и не ви звучи познато. Но, тоа е рекламна агенција која е најнаградувана во југоисточна Европа, со преку 300 меѓународни награди, меѓу кои и од најголемите Art Directors Club New York, Epica, London International Awards, New York Festivals, Cresta, Clio, Effie...и многу други. Агенцијата е основана од Давор Брукета и Никола Жинич во 1995-та и денес има преку 60 креативци, дизајнери, арт директори, експерти за маркетинг...кои стојат позади нивните дела. Во 2008-ма година единствен претставник во жирито на London International Awards од цела источна Европа беше токму од оваа хрватска агенција.

Да се работи на бренд како Краш, пред се чест и голема одговорност. Тоа е компанија со чии производи растеле нашите родители, сме растеле ние, и сигурно и нашите деца. Одговорноста лежи токму во таа традиција, Краш токму оваа година одбележува 100 години постоење. Ретко добар пример на овие простори и една успешна приказна. Сега малку за дел за вкусните производи со нови дизајни и пакувања.

griotte_alubox

Griotte е производ со долга традиција. Добро познатите вишни „полни“ со алкохол, додаден овошен ликер и на крај завиткани во темно чоколадо. Со новиот дизајн се задржува токму таа уникатност и ексклузивност. Целата приказна за настанувањето можете да ја прочитате на задната страна. Без разлика дали е малото пакување или лименото пакување, боите и дизајнот изгледаат перфектно. Темно чоколадна боја како основа, и изразито јака црвена вишна боја за детаљите. Има одреден степен на софистицираност, и е одличен подарок буквално за секоја пригода.

fontana_2

Она што прво го забележав уште лани беа токму новите Fontana и си помислив кога ли нашите компании би можеле да прифатат ваков дизајн. Овој сладок десерт е комбинација на вкус на пеперминт прелиен со чоколада. Пакувањето уште на самиот почеток имал карактеристична ледено сина боја, токму таа боја е и на новиот дизајн. Целиот приод е крајно минималистички, дури дизајнерски ако би се изразил, векторски :) што посебно ми се допаѓа. Чисти бои, силен фонт, без никакви растер фотографии, а сепак толку моќно и привлечно. Истовремено модерно, но го има зачувано и ретро стилот во себе. Инаку и Griotte и Fontana и Bajadera имаат и уникатно ексклузивно пакување во форма на топка.

trijumf_runolist_badem_cokolade

Trijumf, Runolist и Badem се топ три чоколади на Краш, и за кои нашите родители се сеќаваат со доза на носталгија. Затоа и им требаше освежување. И ова е направено во комбинација со модерното и ретро стилот. Чисти пастелни бои во комбинација со традиционално милје во форма на V.

kiki

Кi-Ki своевремено беа синоним за карамели. Барем јас се сеќавам дека многу ги сакав овие карамели. Дизајнот не е до толку нов, но едноставно мораше да се додадат во листата. Шест различни карактери, со различни имиња, со свежи бои и стенсил графити форма се омилени ликови на секое дете, па и малку поголемо дете :)

bajadera1

За крај остана најдоброто. За Бајадера мислам нема потреба да се зборува. Тоа е веќе препознатлив знак на цела Хрватска. Врв на сите бонбониери и главен производ на Краш. Бренд сам за себе. Едноставно мораше да се додаде на листата. Двобојните слоеви се прелиени и на пакувањето во кружна форма на зраци кои „зрачат“ од самото лого и името Бајадера испишано со традиционалниот скриптен фонт.

Останаа уште многу производи на Краш кои се со нов и одличен дизајн на пакувањето како Dorina Fifty, Domachica...но за нив по наредна прилика, сега трк до продавница да си купите нешто од Краш :)

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons