Минималистички концертни постери
Концертните постери за секоја музичка група или артист претставува уште еден медиум за изразување на пристапот и креативноста на самата група во склад со нивната музика. Обично за секоја поголема турнеја се ангажираат дизајнери кои ќе изградат препознатливост преку целата концертна сезона. Не ретко и ова се прави преку јавно отворени конкурси каде има најразлични идеи. Наместо стандардните клишеа застапени кај нас, со фотка од групата и испис по нејзе, направени најверојатно во Ворд, решив да селектирам дел од концертните постери кои се одвојуваат. Од класични илустрации до векторски минимализам. Нека ви биде инспирација за вашиот нареден постер.
