Фев142014

s
Иако веќе сезоната на скијање и бордање е одамна почната, и оние што бордаат одамна имаат купено опрема и даски, и најчесто сами си ги „украсуваат“ сепак, случајно налетав на уникатно дизајнирани даски за сноуборд кои вредат да се споделат. Сетот ENDVR III е креиран за Endeavor Snowboards од страна на познатиот полски дизајнер, илустратор и фриленсер Grzegorz Domaradzki, познат како Gabz.

000cd8a1eed4211916c5b775ba7286b6

7c766ed3ab0d126dea585a4ecb9fd4cb

918bb44f2bdbb38af1360df2b2cd8eab

c7c5dc8ca6bd91d5e29da57efcd772ef

Илустрациите како и самите што може да видите се инспирирани од поп културата, од Манга до класични стрипови и прво што се забележува се стриповските елементи. Голем дел од дизајните се стрикно векторски, подоцна обработени. Активно работи како фриленсер од 2005-та и на почетокот тематиката на илустрациите му биле претежно мрачни, темни со хорор елементи. Најпрвин работел со техника молив/пенкало, а подоцна и со спреј или airbrush, и користи акрилни бои. Веќе во поново време типографијата e дел од скоро сите негови дизајни.

0c867a06c6dcfe19bd79a7bae4314851

1e54ecb50128e21592f408f6acd14536

5f4f6fe3f4036609dac261a8ab69ee1b

42f8bb24b5207c4948481f8e3acbf14e

0431283998ae6d4220085d66451401fe

d947c5fd18df76cd3b3f00e5c670cf6d

d987e93b56a6992f135993bfc77fdfe8

И за крај промо видео на Endeavor Snowboards за целата колекција

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons