Мај222014

colacover
Остануваат уште 20 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал во Бразил а Кока Кола веќе на големо е буквално насекаде со својот специјален нов визуелен идентитет токму за Мундијалот.

На кратко целата кампања е соработка меѓу уличниот уметник и цртач на графити од Сао Паоло Спето и дизајнерското студио BGO од Лидс.

cocacola vis development speto 0

За Кока Кола било важно Бразил а со тоа и самиот бренд да се претстави во едно ново светло, до сега невидено за Бразил, надвор од сите клишеа како Копакабана, Самба, Рио, Карневалот итн.
Инспирацијата ја барале надвор по улиците на Рио. После многу прошетки, фотографирања и истражувања најмногу се издвојувале графитите на Спето. Стилот бил моќен но сепак едноставен и бил совршен за Кока Кола.

cocacola vis development 1 0

Инаку естетиката на уличната уметност во Рио па и низ Бразил е многу силна, и до сега многу брендови ја имаат искористена, меѓу нив и Пепси со "Art of Football"

3028797-inline-s-10-pepsi-art-of-football

Брифот имал многу краток и јасен наслов: Фудбал + Кока Кола + Бразил.

cocacola vis 0

Се почнало од првиот скеч направен буквално на парче салфетка уште на првиот неофицијлен состанок.

napkin 0

Спето се посветил повеќе да секој од четирите обработени карактери имаат своја приказна и јасно ги покажува вредностите како среќа, заедништво и прославување.

smcocacola togetherness logo 0

suns and sunrays 0

Oстанатите брендинг материјали само се надоврзувале следејќи го стилот и формата.

cocacola fifa 1 1

cocacola fifa 2 0

cocacola fifa 3 0

За крај ова е првото промо видео

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons