Дек042016

download

Адоби Илустратор е еден од најразновидните и богати софтверски решенија од Адоби за дизајн, но секогаш неоправдано бил во сенка на братот Фотошоп. Ќе се обидам да дадам неколку одговори на „Зошто треба да го замените наместо Фотошоп и многу често да го корисите“

Векторска графика
За разлика од Фотошоп, Илустраторот е векторски програм, што наједноставно кажано се што цртате, од најобични илустрации до постери со многу ефекти е во вектор и може да го зголемувате колку сакате без да се изгуби никаков квалитет. Логото ќе изгледа перфектно и на визит карта и на билборд. 

Не постои подобра алатка за типографија
Не постои друг софтвер со кој подобро ќе манипулирате со фонтови и типографија. Најбрзо ќе направите векторски типографски дизајни кои ќе изгледаат едноставно и минимал. Секој карактер, секој глиф може да го менувате како што ќе посакате. 

1

Принт и веб истовремено
Постојат предефенирани најчесто димензии без разлика да е за онлајн медиум или принт. Значи визит карта/флаер/постер многу лесно се адаптира во веб банер или фејсбук кавер.

Инфографици и иконки
Поради посебната алатка за графикони, лесно импортирате бројки и статистика директно од Ексел и како такви лесно има давате уникатен дизајн. Поради поддршката на .svg форматот сите ваши иконки ќе бидат беспрекорни и пиксеп перфекти за секој респонсив и ретина дисплеј.

Дифолтен програм за дизајн на лого
Над 90% од сите логоа денес се дизајнирани во Илустратор. Секоја идеја од скеч нацртан на парче хартија лесно може да го прецртате и да ја покажете вашата креативност.


Програм кој секој може за неколку дена да ги научи основите и за кратко време ви ветувам ќе го замените Фотошоп, и ќе ви стане програм број еден за сите ваши дизајни. Ваков курс може да посетите во склоп на Brainster каде ќе прочитате повеќе информации

 

коментари (2)add comment

L said:

0
...
Illustrator e dobar za odredeni raboti (vektorski), a photoshop za drugi (rasterski). Nema nikakva logika da go sporeduvash photoshop so illustrator bidejki se nameneti za razlichni raboti i sekoj od niv e podobar vo onaa rabota za koja e namenet. Toa e kako da kazhesh deka nozhot e podobar od vilushtakata bidejki podobro seche, a da go izostavish toa deka vilushkata e korisna za sosema druga rabota. Poentata mi e deka Photoshop e najdobar za obrabotka na sliki i rasterski dizajn, a Illustrator za se vectorsko kako logoa itn..
декември 08, 2016

Д said:

0
...
@L
Точно така, тоа и ми беше поентата, затоа е напоменато дека е векторски програм, што автоматки значи не можам да правам монтажи со фотографии пример. Генерално све друго може да го правиш полесно, подобро и побрзо во Илустратор, од дизајн на визит карта, лого, икони, постер, инфографик...итн.
декември 09, 2016

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons