Ное172011
Напишано од Јанев

Нови етикети и шишиња за пиво

1pure
Етикетите за пиво и вино се посакувано платно за дизајн за секој дизајнер. Овојпат ќе се задржиме за оние за пиво, некако ми се поомилени :)
Се почесто се избегнуваат стандардните класични етикети и на сцена стапуваат модерни и минималистички дизајни, типографски и со чисти бои, дури и самите етикети се избегнуваат и се дизајнира директно на шишето, без никакви ограничувања. На повеќе дел од најновите уникатни етикети и шишиња на пива.

Окт172011
Напишано од Јанев

Уникатни маички отсега и кај нас

11
Пред неколку недели твитнав за тоа дека се спремам нови дизајни на маички, со оригинална македонска тематика, и навистина се изненадив од тоа колку заинтересирани имаше. После неколку дневни консултации за дизајни, бои, големини и нивна подготовкам одлуката е донесена. И така, од денес дел од моите дизајни на маички ќе може да ги најдете во Ultradesignshop во Скопје. За сите кои не знаат, Ultradesign е специјализиран шоп за маички, кои нуди уникатни, квалитетни и несекојдневни дизајни, и кој се издвојува од сите останати веќе видени и познати клишеа од дизајни. И што е најбитно, сето ова по навистина ниски цени. Погледнете на повеќе дел од дизајните.

Окт062011
Напишано од Јанев

Креативни и нови принтови (октомври)

PR43
Свежи и најнови креативни принт реклами за месец октомври

Окт042011
Напишано од Јанев

Што бараат клиентите од секој фриленсер?

prva_baranja
За момент ќе се ставиме во обратна улога, т.е. во улога на клиент, да видиме на кратко како изгледа еден фриленсер од нивни агол и што всушност тие проверуваат и бараат од нас фриленсерите пред да почнат со склучување договори и стартување на проекти. Во морето од фриленсери, кое секојдневно расте, мора да се издвоиме ако сакаме да успееме. Има едно непишано правило дека успешен фриленсер не е оној со најмногу работа, туку оној кој го бие најдобар глас. Еве ќе земеме мал пример. Сте решиле да купите нов телевизор. Освен што ќе прочитате рецензии на интернет, ќе ги видите спецификациите, сепак вие голем процент во одлучувачкиот фактор давате на критиката на некој што купил ист таков и неговото искуство. Затоа на прво место би ги ставил токму препораките.

Сеп232011
Напишано од Jанев

Герила адвертајзинг

PRSlim-By-Drinking

Концептот на герила маркетинг сеуште важи за неконвенционален начин на маркетинг и промоција. Кај нас вистинска реткост да се види, иако е можеби најевтин начин за реклама. Со минимален буџет и ресурси до максимален ефект. Герила кампањите се обично неочекувани, често бараат интеракција од случајните минувачи и се на неочекувани места. Целта е да се создаде уникатен и креативен начин да се привлече вниманието, ако тоа  го направат толпа на луѓе поминува во вирал, што според Џеј Конрад Левинсон е крајна и посакувана цел на секоја маркетинг кампања. Се почесто се вклучуваат смартфоните и новите технологиии и социјални мрежи за да се сподели идејата.

Сеп072011
Напишано од Јанев

Креативни визит карти со QR код

PRV143
QR код е посебен тип на баркод дизајниран да се чита и препознава со помош на смартфони. Она што може да се енкриптира или „скрие“ позади овој код е текст, линк до веб и останати ионформации. Денес со популарноста на новите мобилни телефони, како и апликациите за нив, !R кодот е дефинитвно најпопуларен дво-димензионален баркод. Може да се види насекаде, од флари, постери, на веб, па дури и на сметки за струја, вода... Тогаш зошто да не се вметне и на визит картите. Погледнете дел од најдобро дизајнираните визит карти со QR код.

Сеп022011
Напишано од Јанев

Креативни реклами (септември)

PRVcreativz
Нов месец, нови свежи и тазе креативни принтови и рекламни кампањи кои сигурно ќе послужат за ваша инспирација.

Авг292011
Напишано од Јанев

Подобрете ги вашите дизајнерски вештини

Revisions-and-Changes
Стремежот на секој човек е константно подобрување на вештините во работата. Со тоа напредувате во вашата кариера и луѓето ја препознаваат вашата работа.. Ова важи и за фриленсерите. Ако немате работа со која би добивале унапредување и нови титули, не значи дека треба сеуште да тапкате во место. Напротив, во светот на дизајнот, секогаш има нешто ново. Нови форми на изразување, нови стилови, нови компјутерски програми итн. Затоа е многу важно да ги следите новините и со тоа да ги надрградувате вашите вештини како дизајнери. Подолу се 5 кратки совети како да го направите тоа.

Авг262011
Напишано од Јанев

Неверојатно добри графити

PRVAwall-painting-design-inspiration-48-500x375
Пишувањето и боењето на ѕидовите е праисториска човекова особина која продолжила до денес :) Денес тоа се нарекува графити. Оваа улична уметност го привлекува вниманието на секој минувач покрај ѕид или зграда, посебно ако се ремек дела како овие во продолжение.

Авг152011
Напишано од Јанев

Креативни календари

PRVA33.calendar-design
Еден од начините за промоција на вашата компанија е преку календари. Да, знам дека за нашиве компании е премногу рано за тоа, но странските клиенти веќе размислуваат за календари за наредната година. Бараат уникатни дизајни, големи количини, знаат дека за сето тоа треба време и затоа не оставаат ништо на случајноста, и во никој случај пет до дванаесет за било која работа. Погледнете дел од најдобрите дизајни на календари.

Авг082011
Напишано од Јанев

5 најдобри веб страни за бесплатни фонтови

Pmovable
Многу често ми се случува да ме прашуваат дали преку твитер или имејл за некој фонт, каде може да се најде, дали е бесплатен и слободен за употреба. Затоа денес за вас ги одвоив 5-те најдобри места онлајн за бесплатни фонтови специјално за дизајнери. Кога велам за дизајнери, значи фонтовите се навистина квалитетни и уникатни. И што е најдобро, повеќето сосем бесплатни. Ова ми се омилените 5 веб страници за фонтови.

Авг042011
Напишано од Јанев

Креативни реклами (август)

prvaprva
Нов месец, нови креативни реклами, 50 на број, но и некои постари кои вредат да се потсетиме.

Страница 11 од 32

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons